Промени тема
Контакт

Јаник Синер со 32 победи во низа на Мастерс 1.000 го урна рекордот на Ѓоковиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-library8u0n1r73ftkn2IJqrgb
screenshot youtube

Јаник Синер го совлада Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Рим и ја запиша својата 32. победа во низа на турнирите од серијата Мастерс 1.000.

Италијанецот славеше со 2-0 во сетови, по еден час и 32 минути игра – 6:2, 6:4.

— реклама —

Со оваа победа Синер го урна рекордот на Новак Ѓоковиќ по број на последователни победи на Мастерс турнирите. Србинот во 2011 година имаше низа од 31 победа, додека Синер сега стигна до најмалку 32.

— реклама —

Рубљов беше единствениот што можеше да го спречи паѓањето на рекордот, но не успеа да му се спротивстави на расположениот Италијанец, кој сега води со 8-3 во меѓусебните дуели, со шест победи во последните седум натпревари.

Синер уште во првиот гем направи брејк и ја наметна својата игра. Рубљов имаше можност да возврати неколку гема подоцна, но Италијанецот успешно ги спаси брејк-топките и потоа со уште еден брејк го освои првиот сет.

— реклама —

Во вториот сет сценариото беше речиси идентично. Синер повторно рано направи брејк и не му дозволи на противникот сериозно да се врати во мечот.

Рубљов успеа да врати еден брејк и да намали на 3:4, но првиот светски рекет остана смирен во клучните моменти и сигурно го приведе натпреварот до крај.

Во полуфиналето на турнирот во Рим Синер ќе игра против победникот од дуелот меѓу Данил Медведев и Мартин Ландалусе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvavka1klkorpfvLKT9s

Синер остана без шанса да го израмни рекордот на Ѓоковиќ поради повреда

Спорт | пред 2 дена

— реклама —
media-library749cishbt0vk4CHysCV

Синер од модна ревија директно во болница: Можно е да биде потребна и операција

Спорт | пред 1 седмица

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Синер се повлече од Пекинг, Зверев добива нова шанса за врвот на АТП-листата

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryvavka1klkorpfvLKT9s

Ѓоковиќ: „Во Синер се препознавам себеси“

Сцена | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања