Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет, опозицијата со своето мочуриште се однесува неодговорно кон граѓаните“: Мицкоски за дата-центрите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека развојот на центрите за податоци е неизбежен процес и дека Владата ќе продолжи да ја насочува државата кон технолошки и економски развој, и покрај противењето од опозицијата.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Бутел, Мицкоски оцени дека опозицијата со ставовите против изградбата на центри за податоци се однесува неодговорно кон економијата и граѓаните.

„Јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен. Ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека центрите за податоци се дел од глобалниот технолошки развој, нагласувајќи дека во нив инвестираат САД, европските и азиските земји. Во тој контекст го спомена и неодамнешното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги повика заедниците да ја поддржат оваа индустрија поради потенцијалот за економски раст, работни места и пониски даноци.

— реклама —

Мицкоски оцени дека Македонија не смее да остане надвор од технолошките процеси што се одвиваат во светот.

„Кога ќе видите како функционираат технолошки развиените земји, се враќате со воодушевување. А кога Владата ќе каже да направиме нешто и кај нас, тогаш сте против“, рече премиерот.

— реклама —

Тој повторно ја критикуваше опозицијата, додавајќи дека Владата ќе продолжи со политиките што, како што рече, треба да обезбедат просперитет и подобра иднина за државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања