Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Јавен повик за членови на Локалното собрание на млади на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

ОО
markica

Врз основа на член 74 став 2, 3 и 4 од Статутот на Општина Охрид, како и член 17 од законот за младинско учество и младински политики, Локалното младинско собрание на Општина Охрид објавува:

— реклама —
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

— реклама —

За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласночлен 17 од Законот за младинско учество и младински политики објавен во Службен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од поголема функционалност на локално младинско собрание, како форма за зголемено учество на младите во локалната заедница.

Целтта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите во Општина Охрид.

Локалното Собрание на Млади ги известува заинтересираните дека објавува Повик за членови на Локално Собрание на Млади на Општина Охрид.

2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Јавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и другиоблици на младинско здружување кои се активни на територијата на Општина Охрид кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на општина Охрид;

  • Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој јавен повик;

  • Делегатот и заменик делегатот кои ќе бидат номинирани требада се: жители на општина Охрид и да бидат на возраст од 15-29 години;

3. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Аплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски со поднесување на пријава која е составен дел на овој јавен повик во PDF формат на следната емаил адреса: sovetnamladiohrid@yahoo.com

Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

  • Унифицирана пријава;

  • Резиме од работата на организацијата; (не се однесува за политички подмладоци)

  • Мотивационо писмо за учество во Локалното собрание на млади;

  • Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или со млади во Општина Охрид; (не се однесува за политички подмладоци)

Доставените пријави нема да бидат разгледувани по истекот на рокот на Јавниот повик.

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето по што следува оддржување на седница на локалното собрание на млади.

Апликациите ќе бидат разледани од членовите на постоечкото Локалното младинско собрание на Општина Охрид, а мандатите на делегатите ќе бидат верифицирани на самото Собрание.

4. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информаци и во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryirc78uq2ogdo0W16T8u

(Видео) Се урива стогодишна куќа со уникатна архитектира во Охрид

Настани | пред 4 дена

— реклама —
media-librarye6rml7ek4pvidGwNx7G

Доделени признанија на најуспешните основци и средношколци во Охрид

ОО | пред 1 седмица

media-libraryshouhflvntvu9J4T7Je

Свежо цвеќе во чест на светите браќа Кирил и Методиј

ОО | пред 1 седмица

media-library4g9udkdsgkas7emDxYR

Охрид ги награди најдобрите ученици: „Вие сте гордост на градот“

Охрид | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања