Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Јазикот на правосудниот испит отвора нова политичка дебата - Мицкоски најави решение, Касами бара испит на албански јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library3rgaolbpfusv7lx1j4z

Комисија од уставни експерти ќе бара решение за употребата на албанскиот јазик при полагање на правосудниот испит, најави премиерот Христијан Мицкоски, по протестот на студенти кои побараа испитот да се полага на мајчин јазик.

— реклама —

Тој истакна дека при носењето решение мора да се почитуваат Уставот и меѓународните стандарди. Според него, Законот за употреба на јазиците е оспорен пред Уставниот суд, особено во делот што се однесува на правосудството, а постои и негативно мислење од Венецијанската комисија за двојазичноста во овој сектор.

— реклама —

Мицкоски нагласи дека, од една страна, недостигаат ресурси за спроведување на вакви решенија, а од друга, не се гарантира еднаквост во примената на правото. Поради тоа, Венецијанската комисија препорачува враќање на претходните законски решенија. Воедно, тој посочи дека студентите кои студираат на албански јазик имаат право на образование на мајчин јазик во рамки на системот.

Во однос на присуството на опозициски претставници на протестот, Мицкоски изјави дека за тоа ги информирал сојузниците во НАТО и ЕУ, оценувајќи дека станува збор за обид за дестабилизација, што не наишло на поддршка од меѓународната заедница.

— реклама —

Претседателот на БЕСА, Билал Касами, изјави дека правосудниот испит треба да може да се полага на албански јазик, доколку студентите целото образование го следеле на тој јазик.

— реклама —

„Ако целите студии се завршени на албански јазик, ќе треба и правосудниот испит да биде на истиот јазик. Работиме во правец на наоѓање на законско решение со кое и оваа проблематика наследена од претходните влади да биде решена“, рече претседателот на БЕСА, Билал Касами.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 28 минути

— реклама —
media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Македонија | пред 2 дена

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Правосудниот испит ја разгоре политичката расправија: ЗНАМ се заканува со напуштање на Владата, албанските партии му порачаа на Димитриевски дека Врање е блиску

Македонија | пред 4 дена

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања