Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Јошевска-Анастасовска: Одлуката на Уставниот суд отвора сериозни прашања за судската независност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 часа -

Коментари
299920777_10228618403993603_5595199146724079439_n

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска смета дека испраќањето одлука на Уставниот суд до Судскиот совет „за понатамошно постапување“ отвора сериозни прашања за границите меѓу уставната контрола и независноста на судството.

— реклама —

Во својот личен став, таа посочува дека особено проблематично е кога толкување на процесен закон од страна на редовен судија, во постапка која сè уште не е завршена, се квалификува како „неизвршување на одлука на Уставниот суд“, со што, како што вели, се имплицира и можност за кривична одговорност.

— реклама —

„Испраќањето одлука на Уставниот суд до Судскиот совет "за понатамошно постапување", во која толкување на процесен закон од страна на редовен судија, во сè уште незавршена постапка, се квалификува како "неизвршување на одлука на Уставен суд", со имплицирање на кривична одговорност, според мое лично мислење, отвора сериозни прашања за границите меѓу уставната контрола и судската независност. Би рекла дека допира и прашања на можен институционален притисок.

— реклама —

Не се работи за конкретен предмет и за конкретен судија туку на воспоставување на потенцијално загрижувачки преседан.

— реклама —

Дотолку повеќе што непрецизната формулација "за понатамошно постапување“ и тоа во нејзиниот задолжителен диспозитив создава дилема дали е избран правно адекватен модел на институционална комуникација меѓу овие два уставни органи“, наведува Јошевска-Анастасовска.

media-libraryl4jht7b438aofMQomaq

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryps2vog28oh380bZoWfx

Кекеновски: Не постои законска забрана судија да одреди притвор ако обвинителот бара куќен притвор

Македонија | пред 5 месеци

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryocgnb69dbaba66A9ood

Адвокатката Јошевска му врати на Коцевски: Обвинителството повеќе ќе се грижи за својот имиџ отколку за обвинението

Коментари | пред 9 месеци

70702417_10220351688050871_5528372257191100416_n

Кога јавноста нема одговор зошто не е искористено странското вештачење, не преостанува друго освен да мисли дека се работи на прикривање, вели Јошевска

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања