Промени тема
Контакт

ЈСП Скопје: Нема заглавени патници на жичарата на Водно – информациите се неточни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
media-librarype2fkonetkjm67Xy1Hg

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје реагираше на медиумските објави за наводен инцидент на жичарата на Водно, во кој, според некои извештаи, биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни патници.

— реклама —

Во своето официјално соопштение, ЈСП категорично ги демантира ваквите информации, нагласувајќи дека на денешен ден не е евидентиран ваков настан, ниту настан од сличен карактер.

— реклама —

„Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда. Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста,“ се наведува во соопштението.

— реклама —

Од претпријатието потенцираат дека ваквото пласирање на непроверени информации претставува несериозен и неодговорен пристап, кој може да ја наруши довербата на граѓаните.

„Од медиумите очекуваме професионално и точно информирање, а не сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните,“ порачуваат од ЈСП Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library14tnrm2avddjacSRZzR

Бесплатен јавен превоз во сабота во Скопје за „Бела ноќ 2026“

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library3pkqi1pbrok5cdJUwQ5

Автобусот 35 повторно на улиците: Радишани–Ново Лисиче со директна линија

Скопје | пред 1 седмица

jsp-avtobus

Студентите во Скопје добиваат дигитална картичка за бесплатен јавен превоз

Скопје | пред 2 седмици

jsp-avtobus

Крај на летниот режим: Од 1 септември ЈСП Скопје со нов возен ред

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања