Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

ЖИЧАРА

zicnica-696x463

Силен ветер на Водно, жичницата нема да продолжи со работа

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (04.04.26), жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради засилен ветер.„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од ЈСП.

Скопје | пред 1 ден

media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y

Жичницата на Водно од денес ќе работи еден час повеќе

Жичницата од денес, среда (1.04.2026 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.„Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови“, информираат од ЈСП.

Скопје | пред 4 дена

zicnica-696x463

Жичницата на Водно вон функција поради изведување на технички активности

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата ,,Милениумски крст " привремено нема да биде во функција поради изведување на технички активности.Веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време“, информираат од ЈСП.

Скопје | пред 3 седмици

zicnica-696x463

Жичницата на Водно денес не работи поради силен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.Ви благодариме на разбирањето“, се вели во соопштението од ЈСП.

Скопје | пред 1 месец

media-librarype2fkonetkjm67Xy1Hg

ЈСП Скопје: Нема заглавени патници на жичарата на Водно – информациите се неточни

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје реагираше на медиумските објави за наводен инцидент на жичарата на Водно, во кој, според некои извештаи, биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни патници.Во своето официјално соопштение, ЈСП категорично ги демантира ваквите информации, нагласувајќи дека на денешен ден не е евидентиран ваков настан, ниту настан од сличен карактер.„Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда. Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста,“ се наведува во соопштението.Од претпријатието потенцираат дека ваквото пласирање на непроверени информации претставува несериозен и неодговорен пристап, кој може да ја наруши довербата на граѓаните.„Од медиумите очекуваме професионално и точно информирање, а не сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните,“ порачуваат од ЈСП Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања