Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Каде се плаќа најскапа струја, а каде најскап гас во Европа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
media-library45vicbt77qoq0tf9ti2
фото: unsplash

Германските домаќинства плаќале највисока цена за електрична енергија во Европската Унија во првата половина од 2025 година, додека природниот гас бил најскап во Шведска, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата, со вклучени даноци и давачки, изнесувала 38 евра за 100 киловат-часови во Германија. Следуваат Белгија со 36 евра и Данска со 35 евра.

Од друга страна, најниските цени на струјата се регистрирани во Унгарија, каде што домаќинствата плаќале 10 евра за 100 киловат-часови, потоа во Малта со 12 евра и Бугарија со 13 евра.

— реклама —

Кај деловните потрошувачи, највисоката цена на електричната енергија е забележана во Ирска, а најниската во Финска.

— реклама —

Кога станува збор за природниот гас, Шведска е земјата со највисока цена за домаќинствата – 21 евро за 100 киловат-часови. По неа следуваат Холандија со 16 евра и Данска со 13 евра.

Најевтин природен гас плаќале домаќинствата во Унгарија, каде што цената изнесувала три евра за 100 киловат-часови, пред Хрватска со пет евра и Романија со шест евра.

— реклама —

Евростат посочува дека во Данска речиси половина од крајната цена на електричната енергија отпаѓа на даноци и давачки, додека во Холандија, Ирска и Луксембург државните субвенции значително ја намалиле цената што ја плаќаат домаќинствата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

struja-585x447-1

Речиси целата потрошувачка на струја во мај покриена од домашното производство

Македонија | пред 19 часа

struja

Дел од Центар денеска без струја

Скопје | пред 1 ден

struja-1

Делови од Бутел и Сопиште денеска ќе бидат без струја

Скопје | пред 2 дена

struja-1

Проверете дали сте на списокот: Денес без струја делови од Центар и Карпош

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања