Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните и гласачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Непринципиелност, лицемерие и нечесност кон граѓаните, е она што деновиве го гледаме од ВМРО-ДПМНЕ, по изборот за претседател на Собранието. Едно говореа пред изборите, а друго направија, кога дојдоа на власт, рече Дарко Каевски, портпарол на СДСМ, на гостувањето во емисијата „Дејли клик“, на ТВ 21.

— реклама —

-Неискреноста на ДПМНЕ, се виде уште на почетокот. Лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицковски беше тој што велеше дека ако одредена политичка партија стекне огромен број на пратеници и има сериозна поддршка од граѓаните, треба да ги има највисоките позиции, како што е претседател на Собрание. Тие кои го оспоруваа тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери. Сега после изборите имаат сосема спротивно делување, со изборот на Африм Гаши. Ние немаме проблем со тоа, затоа што платформата за која се залагаше СДСМ во цело владеење беше едно општество за сите. Но ДПМНЕ да зборува едно, а ден после изборите да делува на друг начин е неискрено кон граѓаните и кон гласачите, рече Каевски.

— реклама —
— реклама —

Тој потенцираше дека, ДПМНЕ беше политичка партија која цело време коментираше за говорите на кој било политичар кој зборуваше на албански јазик, па дури и сегашната претседателка, често велеше дека претседател на собрание не треба да зборува на албански, ама сега гледаме молк од нивна страна. Кога го избриваме Талат Џафери, тој прво се обрати на македонски јазик, па на албански, во согласност со законот. Каевски се осврна и на случувањата од 27. април, и начинот на којшто сега беше изборот на претседател на Собранието. Сега немаше надвор насилници организирани за да упаднат внатре во собранието, како кога ВМРО-ДПМНЕ го организираше крвавиот чин.

— реклама —

-Тоа е суштинската разлика, меѓу СДСМ кога оди опозиција и кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. 27 април беше еден од најтрагичните денови кој ќе остане запишан и кога за малку ќе беа убиени пратеници, за разлика, од сега кога се правеше транзиција на власта без инциденти и насилници. Особено сум горд што СДСМ ја варти демократијата за разлика од ДПМНЕ кое ја имаше зарбоено државата, рече Каевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања