Промени тема
Контакт

Кафич во сопственост на заменик-министерка од Вреди добил 9.000 евра од Општина Чаир - од компромитираната ДКСК само молк, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

„Општина Чаир и заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири во скандалозна шема успеале да извлечат пари од буџетот на општината на нетранспарентен и коруптивен начин. Имено, општина Чаир исплатило речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на функционерката од Вреди, и тоа само во периодот откако Зеколи-Шаќири стапи на функција“, вели Левица и додава:

— реклама —

Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми кои се во сопственост на владини функционери е еклатантен пример за судир на интереси, злоупотреба на службена положба и политичка корупција.

— реклама —
— реклама —

Дополнително, за судирот на интереси говори и фактот што заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири е поранешна портпаролка токму во Општина Чаир.

— реклама —

Левица ја повикува Антикорупциската комисија конечно да започне професионално да ја реализира својата работа, наместо да го крие од медиуми сертификатот на директорот на АНБ. Наместо да молчи пред владината корупција, ДКСК мора веднаш да отвори предмет за скандалозното делење буџетски пари на фирми во сопственост на владини функционери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања