Каја Шукова почна со ветувања за Скопје: „Градот мора да дише, да се исчисти и да се врати на граѓаните“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
Screenshot-2025-07-19-at-14.14.19

Потпретседателката на СДСМ и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова започна со ветувања за изборите. На денешната прес-конференција, Шукова ја претстави својата визија за, како што рече, чисто, уредено и безбедно Скопје – град што ќе им припаѓа на сите граѓани, без оглед на политичката припадност.

— реклама —

„Се кандидирам да бидам градоначалничка на сите скопјани, без разлика дали се поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ или на ниту една партија. Скопје не е партиско седиште, туку град на сите нас, и мора да се управува професионално“, изјави Шукова.

Таа остро ја критикуваше актуелната состојба во главниот град, посочувајќи дека политичкиот инает, алчноста и бизнис-интересите на владејачката структура го довеле Скопје до, како што рече, „историско дно“. Шукова го нарече периодот на управување со Градот како „четвртата катастрофа во историјата на Скопје, по Пиколомини и земјотресот од 1963 година“.

— реклама —

„Скопје е украден град. Го уништија за да се пресметуваат со својот градоначалник. Денес секоја улица сведочи за нивниот неуспех“, рече таа, повикувајќи на промена преку конкретни решенија и прагматичен пристап.

Шукова најави дека нејзината програма ќе се базира на реални, стручни и остварливи проекти, со фокус на:

чистење на Скопје и функционално управување со отпадот;

намалување на загадувањето и создавање здрава животна средина;

обнова на јавниот превоз и подобрување на мобилноста;

запирање на урбанистичкиот хаос и враќање на контрола кај граѓаните;

дигитализација, борба против корупцијата и враќање на културата во градот;

зголемена безбедност на улиците и секојдневна грижа за јавниот простор.

„Скопје не смее да чека. И јас нема да чекам. Ова не е само кампања – ова е заедничко враќање на Скопје на граѓаните“, нагласи Шукова, повикувајќи ги професионалците, стручната јавност и граѓаните активно да се вклучат во создавањето на програмата.

„Скопје е модел на град каде сите општини мора да се развиваат рамномерно и синхронизирано – Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај, Гази Баба, Чаир... Сите заедно мора да изградиме похумано Скопје“, изјави Шукова на крајот од прес-конференцијата.

Таа најави дека во следниот период ќе следат серија средби со граѓани, експерти и организации, а програмата ќе се доработува во консултација со јавноста. Со кампањата, вели, нема да продава „шарени и неостварливи проекти“, туку конкретен план заснован на знаење, искуство и почит кон градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 3 седмици

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања