Промени тема
Контакт

Камионџиите од Западен Балкан најавуваат блокада на границите: Брисел ги игнорира нивните барања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Меѓународните превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавуваат радикални мерки и можно блокирање на граничните премини, откако, како што тврдат, Европската комисија не понудила решение за проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.

Превозниците за 11 август во Македонија закажаа итен регионален состанок, на кој ќе одлучуваат за натамошните чекори, меѓу кои се и координирани протести и блокади на товарниот сообраќај низ Западен Балкан.

— реклама —

Дополнителен револт предизвикал одговорот од Европската комисија, која предложила разговорите да се одржат онлајн кон крајот на следната недела, наведувајќи дека клучниот персонал, вклучително и надлежните директори од Директоратот за мобилност и транспорт, е на годишен одмор до 12 август.

— реклама —

Проблемот произлегува од строгата примена на правилото „90/180 дена“ за професионалните возачи од земјите надвор од Европската Унија, поради што голем број камионџии не можат да влезат во Шенген-зоната, а транспортните компании предупредуваат дека трпат сериозни финансиски загуби.

— реклама —

Превозниците најавуваат дека, доколку не се постигне договор, би можело да следуваат регионални блокади на клучните гранични премини и прекин на товарниот сообраќај меѓу Европската Унија и Западен Балкан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Возачите на камиони од Западен Балкан утре на состанок за ограничувањата за престој во Шенген-зоната

Балкан | пред 1 месец

— реклама —
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Поради оштетен мост во Албанија, камионите наместо на Ќафасан, се пренасочуваат на Блато

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Нови блокади на граничните премини: ЕУ ги одби барањата на превозниците од Западен Балкан

Македонија | пред 6 месеци

media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Филипче: Наместо да најдат решение за транспортот, ја обвинуваат ЕУ – цехот го плаќа бизнисот

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања