Промени тема
Контакт

Камионите се пренасочуваат од БП Дизел-Стенковец кон ГП Блаце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Поради тековни сообраќајни мерки, тешките моторни возила се пренасочуваат на релацијата од БП Дизел-Стенковец кон граничниот премин Блаце. Надлежните апелираат возачите да ја почитуваат поставената сигнализација и насоките од службите на терен.

— реклама —

Сообраќајот на државните патишта низ земјата се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови, а мерката ќе трае до 15 март 2026 година.

— реклама —

Се препорачува прилагодена брзина на движење и внимателно управување, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година, согласно сезонскиот режим на сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

avtopat

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп–Битола кај Млин „Осман“

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-1690PM

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања