Промени тема
Контакт

Кандидатката на Левица за градоначалник на Кочани: Граѓаните сакаат да знаат кој е највиновен за трагедијата во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Screenshot-2025-09-15-115432

„Не може процесот да биде вечно заглавен во Обвинителство“, истакна кандидатката од Левица за градоначалник на Општина Кочани, Жаклина Филипова-Свеќаровска, во гостување во Канал 77, за случајот „Пулс“ кој сѐ уште се води во Обвинителството. Одговорните од одговорност не смеат да се кријат, потенцираше таа.

„Пак ќе кажам, значи, мора да се процесуираат тие, не може да бидат вечно заглавени во Обвинителство. Значи, не може, едноставно. Луѓето сакаат да знаат. Сите сме виновни, тоа го кажав јас, генерално, ама треба да се знае кој е највиновен. Дефинитивно, дел се виновни со постапување, дел со непостапување, дел со премолчување, дел со невидување. Јас пак ќе кажам, доколку луѓето биле свесни на кое место ги пуштаат децата, таму едно дете немало да има, еден млад човек немало да има“, вели Филипова-Свеќаровска.

— реклама —

Филипова-Свеќаровска посочува дека до Советот на Општина Кочани никогаш не стигнале какви било извештаи за криминални дејности во дискотеката „Пулс“. Таа вели дека родителите на децата и сите граѓани на Кочани не знаеле какво место е тоа, бидејќи се потпирале на системот кој има одговорност да обезбеди бројни дозволи за дискотеката да стане место за забава.

— реклама —

„Сметајќи дека едно такво место треба да добие соодветни дозволи од бројни институции, воопшто не сум го доведувала тоа во прашање, во смисла дека може да се случи место коешто е крајно несоодветно да биде место за забава. Дури откако, за жал, се случи тоа што се случи, станавме свесни сите. Во спротивно, не би имало таму толкава маса на млади луѓе“, вели Филипова-Свеќаровска.

— реклама —

Дури и полугодишните и годишните извешаи за криминалитетот на територијата на градот Кочани, кои се доставувале од Полициската станица од Советот, биле забележливо крајно розови, а дискотеката не била спомената како место на некакви криминални случувања. Фактичката состојба била различна, а извештаите покажувале намалување на малолетничката деликвенција, што доведувало до заклучокот дека е намален само обемот на работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања