Промени тема
Контакт

Каракамишева ќе го советува премиерот за човекови права и владеење на правото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Tanja-Karakamiseva

Професорката Тања Каракамишева соопшти дека е ангажирана како советник од областа на човековите права и владеењето на правото од страна на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во објава, Каракамишева истакна дека ангажманот го прифаќа со „голема чест и задоволство“, изразувајќи благодарност за укажаната доверба, која, како што наведе, е резултат на нивната повеќегодишна соработка.

— реклама —

Според неа, станува збор за сериозна и одговорна позиција, имајќи предвид дека областа на човековите права и владеењето на правото ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот правен систем, како и меѓународната позиција на државата во оваа сфера.

— реклама —

„Голем предизвик и одговорност е да се биде советник за најчувствителната правна материја која ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот систем, но и меѓународната позиција на човековите права и владеењето на правото“, порача Каракамишева.

— реклама —

Таа вети целосна посветеност, професионалност и конкретни резултати во извршувањето на новите обврски, нагласувајќи дека нејзиниот ангажман ќе биде насочен кон суштинско унапредување на оваа област.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryo8e6u15mbg7a5vbLMFd

Најчевска против Каракамишева: Таа е еден од бастионите на борбата против човековите права и слободи во Македонија

Коментари | пред 6 месеци

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева со предлог текст за нова Преамбула за уставните измени

Коментари | пред 3 години

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева: Каде е местото на Бугарите во колективната меморија на македонскиот народ и каква позитивна улога одигра во развојот на македонскиот идентитет?

Коментари | пред 3 години

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева: Нека ги преслуша Пендаровски изјавите на Џамбаски за да ги види сите елементи за загрозување на државниот поредок и безбедност на Македонија

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања