Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Карлос Алкараз се повлече и од Вимблдон, фановите загрижени по новата фотографија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Спорт
media-librarychmrnbo6elgnbDJhV1t

Иако годината ја започна со освојување на Австралија опен, Карлос Алкараз во моментов е надвор од терените поради проблеми со повреда, поради што мораше да се повлече и од Ролан Гарос, а сега и од Вимблдон.

Шпанскиот тенисер потврди дека нема да настапи ниту на турнирот во Квинс, ниту на Вимблдон – два турнири на кои во кариерата имаше големи успеси.

— реклама —

„Моето закрепнување оди добро и се чувствувам многу подобро, но за жал сè уште не сум подготвен да играм и затоа морам да се повлечам од турнирот на трева во Квинс и од Вимблдон. Тоа се два многу посебни турнири за мене и многу ќе ми недостигаат. Продолжуваме да работиме за што побрзо да се вратам“, напиша Алкараз на социјалните мрежи.

— реклама —

Во меѓувреме, Алкараз бил забележан во родната Мурсија од кошаркарот Дилан Енис, поранешен играч на Црвена звезда, кој објави фотографија со тенисерот.

На фотографијата се гледа дека Шпанецот пуштил подолга коса и брада, а изгледал значително поопуштено и далеку од вообичаениот спортски имиџ.

— реклама —

Сепак, Алкараз бил расположен и насмеан, а Енис оставил и порака под објавата:

„Никогаш не знаеш на кого можеш да налеташ по улиците на Мурсија. Толку скромен човек. Брзо закрепнување“, напиша Енис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

Алкараз почна да сервира како Ѓоковиќ, а тоа можеби скапо го чинело

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryeqqtcikqta6f4IB6Vr3

Повреда го прекина спектаклот во Токио: Шаповалов му го предаде мечот на Алкараз

Свет | пред 3 седмици

media-libraryeqqtcikqta6f4IB6Vr3

Алкараз: Зверев веројатно е најдобриот тенисер во светот во моментов

Спорт | пред 1 месец

media-libraryjrkgfsovir1m8pARFa5

Карлос Алкараз е новиот шампион на „Австралија опен“, Ѓоковиќ застана на чекор до рекордот

Спорт | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања