Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Повреда го прекина спектаклот во Токио: Шаповалов му го предаде мечот на Алкараз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryeqqtcikqta6f4IB6Vr3

Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на АТП 500 турнирот во Токио, откако Денис Шаповалов поради повреда беше принуден да го предаде четвртфиналниот меч при резултат 7:6 (7:3), 2:1 за Шпанецот.

Шаповалов до проблемите со повредата беше целосно рамноправен противник на третиот тенисер во светот. Во првиот сет двајцата тенисери по трипати го одзедоа сервисот на противникот, а Канаѓанецот имаше и сет-топка при 5:4.

— реклама —

Алкараз успеа да се извлече и сетот влезе во тај-брејк, во кој Шпанецот беше подобар со 7:3.

Проблемите за Шаповалов започнаа на стартот од вториот сет. При обид да стигне до една топка почувствува болка во пределот на десниот колк, по што побара медицинска помош.

— реклама —

Канаѓанецот се врати на теренот и се обиде да го продолжи мечот, но неговото движење беше видно ограничено. По три одиграни гема во вториот сет, при водство на Алкараз од 2:1, Шаповалов пријде до мрежата и му подаде рака на противникот.

Мечот така заврши по еден час и 22 минути игра, а Алкараз обезбеди место меѓу четворицата најдобри во Токио.

— реклама —

Шпанецот по мечот испрати порака за поддршка до повредениот противник, пишувајќи на камерата: „Брзо закрепнување. Карлос Алкараз“.

Во полуфиналето ќе следува шпанска пресметка. Алкараз ќе игра против сонародникот Хауме Мунар, кој претходно го елиминираше Французинот Киријан Жаке со 6:4, 6:2.

Мунар до главниот турнир стигна преку квалификациите, а на патот до полуфиналето го елиминираше и Тејлор Фриц.

Полуфиналниот меч меѓу Алкараз и Мунар е закажан за понеделник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

Алкараз почна да сервира како Ѓоковиќ, а тоа можеби скапо го чинело

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryeqqtcikqta6f4IB6Vr3

Алкараз: Зверев веројатно е најдобриот тенисер во светот во моментов

Спорт | пред 1 месец

media-librarychmrnbo6elgnbDJhV1t

Карлос Алкараз се повлече и од Вимблдон, фановите загрижени по новата фотографија

Спорт | пред 5 месеци

media-libraryjrkgfsovir1m8pARFa5

Карлос Алкараз е новиот шампион на „Австралија опен“, Ѓоковиќ застана на чекор до рекордот

Спорт | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања