Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Катар тврди дека договорот меѓу САД и Иран е сè поблиску

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Напорите за решавање на конфликтот меѓу САД и Иран се во напредна фаза, а меѓу двете страни веќе се разменуваат нацрти на можен договор, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари.

— реклама —

Тој посочи дека Катар и Оман продолжуваат да посредуваат меѓу Вашингтон и Техеран, иако засега нема директни разговори меѓу двете земји.

— реклама —

„Веќе е подготвен текст на можен договор и во моментов се доставува до двете страни“, изјави Ал-Ансари, додавајќи дека главната цел е САД и Иран повторно да седнат на преговарачка маса.

— реклама —

И покрај дипломатските напори, тензиите во Ормускиот Теснец и натаму се високи. Воениот советник на иранскиот врховен лидер, Мохсен Резаи, предупреди дека Иран нема да дозволи американска блокада на неговиот извоз и дека би можел да реагира доколку американски воени бродови користат пловни рути што Техеран не ги одобрил.

Во меѓувреме, американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека договор за повторно воспоставување на пловидбата низ Ормускиот Теснец би можел да биде постигнат веќе денеска или утре. Сепак, според аналитичката компанија „Кплер“, низ теснецот и натаму минуваат само неколку бродови дневно, а конечен договор сè уште не е постигнат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 9 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 21 час

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања