Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Казни и до 53.000 евра за загадувачите – Скопје засилува инспекциски надзор, но воздухот и понатаму останува проблем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarytp8ie6qv5ghp5gfa40T
ФБ

Иако надлежните се пофалија со рекордни инспекциски контроли и изречени казни, загадениот воздух и понатаму останува секојдневие за скопјани. Ова беше главната тема на денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, на која градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше за преземените мерки и финансиските алокации за заштита на животната средина.

— реклама —

Тој соопшти дека во периодот од 6 ноември до 1 јануари инспекциските служби издале 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени. Посебно бил засилен надзорот кај правни субјекти во кругот на поранешните индустриски капацитети, како ОХИС и Стаклара, како и на подрачјето на Сарај.

Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

— реклама —

Нема компромис со загадувачите - изречени се казни до 53.000 евра!

Денеска се одржа вонредна седница на советот на градот Скопје, посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух и неговите причинители.

Драго ми е што по долго време за овие прашања се дискутира искрено и без политиканство, со цел да се преземат конкретни активности, а не само да се ставаат проблемите под тепих.

 Се согласувам со сите излагања на советниците.

Овој проблем бара посветеност, конкретни акции и заедничка одговорност.

Загадувањето не е проблем кој се решава преку ноќ, ниту е создаден од сегашниот систем, но сега е наша обврска да делуваме и да го направиме Скопје почист и поздрав за сите.

Во изминатиот период преземавме засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведовме редовни и вонредни надзори, работиме на решавање на сообраќајот, изградба на нови зелени површини и зелени коридори, како и соодветен третман на депониите.

Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени.

Инспекторите за животна средина извршија над 45 вонредни надзори на правни субјекти во кругот на поранешни фабрики ОХИС и Стаклара, како и на територијата на општина Сарај.

Изречени се глоби во висина од 1.000 до 53.000 евра.

Одговорни лица во правни субјекти се казнети со по 3.000 евра, додека десетици физички лица кои неправилно одлагаа отпад на јавни и приватни површини добија казни од 250 до 500 евра за палење и неправилно одлагање на отпадот.

Инспекцијата за патен сообраќај и патишта изврши контроли на девет градилишта, од кои седум беа задолжени со решенија за времен режим на сообраќај, а две имаа позитивни записници.

На едното градилиште е изречен прекршочен платен налог од 3.000 евра за правно лице и 900 евра за одговорното лице.

Комуналната инспекција изврши 240 контроли на градилишта низ целото Скопје, опоменувајќи 25 објекти, а на 11 се изречени глоби од по 1.300 евра. Комуналните редари вршат постојана обиколка и контрола на територијата на градот, плоштадите и јавните површини, со што се изречени повеќе од 60 казни.

За буџетот за 2026 година, предвидени се 64 милиони денари за делот за животна средина, во споредба со 24 милиони денари во 2025 година, што јасно покажува колку сериозно ја сфаќаме заштитата на здравјето на граѓаните. Дополнително, се обезбедени 220 милиони денари за подигање и одржување на јавно зеленило и паркови, како дел од нашите искрени заложби за чист воздух и здрав живот.

Предвидени се субвенции за инвертер-клима уреди, чистење на оџаци, филтри за истите, субвенции за велосипеди итн.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

СДСМ со иронично „извинување“ до Орце Ѓорѓиевски за тендерите

Македонија | пред 3 дена

media-library8or03dufbgj969sVn5x

Ѓорѓиевски и даде рок од 24 часа на СДСМ да се извини: Нема да отворам теми за златни визи, станови и згради во Дубаи и Козле

Скопје | пред 3 дена

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски вечерва во Филхармонија ќе го презентира отчетот за првите 100 дена од мандатот

Скопје | пред 4 дена

media-librarybi0odh8prsb2eFEdEfP

(Видео) Со три гребалки и 30 камиони интензивно се работи на улицата „Перо Наков“, вели Ѓорѓиевски

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања