Промени тема
Контакт

Киев ги негира тврдењата на Трамп дека разговарал со Зеленски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2
screenshot x

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на 6 јули телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, а веднаш потоа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

За време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Трамп рече дека имал „многу добар разговор“ со Путин и дека верува оти и двајцата лидери сакаат да постигнат мировен договор.

— реклама —

„Разговарав и со претседателот Зеленски. Мислам дека и двајцата сакаат да постигнат договор. Се надевам дека наскоро ќе успееме“, изјави Трамп.

Тој повторно нагласи дека верува во своите преговарачки способности и оцени дека постои реална можност за крај на војната во Украина.

Сепак, според украинскиот медиум „Европска правда“, кој се повикува на свои проверки во Киев и Вашингтон, разговорот меѓу Трамп и Зеленски на 6 јули не се случил.

— реклама —

Воедно, ниту руските медиуми, ниту официјалните руски претставници не потврдија дека имало нов телефонски разговор меѓу Трамп и Путин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4tjm0ndjt3un3JLPuME

Трамп бесен поради истекувањето доверливи информации: Десетици американски воени лица на полиграф

Свет | пред 4 часа

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп: „Шпанија ќе биде уништена земја“ поради мигрантската криза во Сеута

Свет | пред 18 часа

media-libraryav992uvii7om9XaoScx

Белата куќа на својот веб-сајт објави игри со политиките на Трамп: Во една ловите мигранти, во друга градите ѕид

Свет | пред 19 часа

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Републиканците стравуваат од Трамп пред изборите: „Сè изгледа како хаос, делува деструктивно“

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања