Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кина ги предупреди своите државјани да избегнуваат патувања во Јапонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
kina

Кинеското Министерство за надворешни работи, заедно со амбасадата и конзулатите во Јапонија, денеска упати официјално предупредување до кинеските државјани да избегнуваат патувања во Јапонија во наредниот период, особено со приближувањето на прославите за кинеската Нова година.

— реклама —

Во соопштението објавено од Одделението за конзуларни работи на Министерството за надворешни работи на Кина на официјалниот профил на платформата „ВиЧет“, се наведува дека предупредувањето е издадено поради влошената безбедносна состојба во Јапонија, зголемувањето на криминални дела насочени кон кинески државјани, како и серијата земјотреси што во изминатиот период погодија одредени региони во земјата.

— реклама —
— реклама —

Кинеските граѓани кои веќе престојуваат во Јапонија се повикани внимателно да ја следат локалната безбедносна состојба, навремено да се информираат за предупредувањата поврзани со земјотреси и можни секундарни катастрофи, како и да ја зголемат личната претпазливост и мерките за самозаштита.

— реклама —

Во соопштението се истакнува и дека, во случај на вонредни ситуации, граѓаните треба веднаш да ја контактираат локалната полиција и да се обратат до кинеските дипломатски претставништва во Јапонија за помош и поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 1 седмица

media-library99b0lnchmgsmaHBtqB6

(Видео) Кинеска компанија ги искористи нередите во Париз за реклама на сигурносно стакло

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања