Промени тема
Контакт

Кина и ЕУ преговараат за новите ограничувања за увоз на челик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
kina

Кина преговара со Европска Унија во рамки на Светска трговска организација поради новите ограничувања на ЕУ за бесцаринскиот увоз на челик, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за трговија, Хе Јадонг.

— реклама —

Тој оцени дека новите мерки на Европската Унија ќе влијаат врз билатералната трговија со челик и врз стабилноста на глобалните синџири на снабдување, пренесе Reuters.

— реклама —

„Кина се надева дека преку преговори ќе биде постигнато заемно корисно решение“, изјави Хе.

Европската Унија воведе нови ограничувања за бесцаринскиот увоз на челик како дел од мерките за заштита на домашната индустрија, поради зголемениот притисок од поевтиниот увоз и намалената побарувачка на европскиот пазар.

— реклама —

ЕУ уште во 2018 година воведе заштитни мерки за увоз на челик, откако САД, за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, воведоа царини за челик и алуминиум, што доведе до пренасочување на вишоците челик кон европскиот пазар, наведува Европска комисија.

Кина со години е меѓу најголемите светски производители и извозници на челик, а трговските тензии меѓу Пекинг и Брисел дополнително се засилија во последните години поради прашањата за индустриски субвенции и трговски бариери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3uu5pn10bdbl0OoSSYU

(Видео) Пекинг отвори воена база во Лаос, на локација што некогаш ја користела американската ЦИА

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Кинески лекари намалиле голем тумор кај неродено бебе со микробранова енергија

Свет | пред 3 дена

media-librarymh2toifnf0j7bvpq3IM

Кина извлече нафта од длабочина од 8.080 метри под пустината

Свет | пред 4 дена

media-libraryei470e6nhq277knADVN

Кинезите доминираат со батериите за електрични возила: Држат 73,3 отсто од светскиот пазар

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања