Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Кина и Русија најавуваат координација во Советот за безбедност: фокус на Ормутскиот теснец и прекин на огнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarymelni2bloki4cBVvQff
screenshot google maps

Кина соопшти дека е подготвена да ја продолжи координацијата со Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации со цел да се намалат тензиите на Блискиот Исток, при што како клучен чекор се посочува итен прекин на огнот. Пораката била пренесена во разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и неговиот руски колега Сергеј Лавров.

— реклама —

Според Ванг, најсуштинскиот начин за решавање на ризиците околу безбедноста на пловидбата е што поскоро да се постигне прекин на огнот. Тој нагласил дека Пекинг доследно се залага за политичко решавање на кризите преку дијалог и преговори, наместо преку проширување на конфликтот.

— реклама —
— реклама —

Разговорот доаѓа во пресрет на гласање во Советот за безбедност, најавено за наредната недела, за предлог-резолуција на Бахреин која се однесува на заштита на комерцијалните бродови во и околу Ормускиот теснец. Во тој контекст, Кина оценила дека постојаните членки на Советот треба да пристапат „објективно и избалансирано“ и да работат на обезбедување поширока меѓународна поддршка.

— реклама —

Во изминатиот период Пекинг повеќепати повикуваше на запирање на борбите во регионот на Персискиот Залив и на поширокиот Блиски Исток, оценувајќи дека продолжените судири придонеле за сериозни нарушувања околу Ормускиот теснец – една од најважните глобални рути за транспорт на нафта и гас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4chamrks3ooseeeeuyn

Кина започна тестирање на 6G во осум региони: Комерцијалната примена се очекува до 2030 година

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 2 седмици

media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 3 седмици

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања