Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кина и Русија застанаа зад Венецуела по американската блокада на нафтени танкери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Милиони барели венецуелска нафта останаа закотвени на танкери откако САД воведоа блокада врз бродовите поврзани со Каракас, предизвикувајќи застој во пристаништата и нова геополитичка ескалација во Карипското Море. Потегот на Вашингтон веднаш наиде на реакции од Кина и Русија, кои застанаа зад Венецуела и ги осудија американските акции како незаконски и опасни.

— реклама —

По одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ги блокира сите санкционирани танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела, активноста во пристаништата нагло се намали. Според податоци на Ројтерс, најголем дел од танкерите сега превезуваат нафта само меѓу домашни пристаништа, додека бројот на натоварени бродови што не тргнале кон странство расте од ден во ден. Клиентите бараат поголеми попусти и измени на договорите поради зголемениот ризик од пресретнување.

— реклама —

Американскиот претседател повторно го повика венецуелскиот лидер Николас Мадуро да се повлече од власта и порача дека САД ќе ја задржат или ќе ја продадат нафтата што ја заплениле покрај венецуелскиот брег во последните недели. На прашање дали целта е смена на режимот, Трамп оцени дека за Мадуро би било „паметно“ да ја напушти функцијата, предупредувајќи дека натамошниот отпор ќе има последици.

— реклама —

Ескалацијата доби меѓународна димензија откако САД пресретнаа танкер што се упатувал кон Кина. Пекинг реагираше остро, оценувајќи дека ваквите дејствија претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, истакна дека Венецуела има право да развива односи со други држави и дека Кина се спротивставува на сите еднострани и нелегални санкции.

— реклама —

Иако Белата куќа тврди дека пресретнатиот брод припаѓал на таканаречената „флота во сенка“ на Венецуела, танкерот во моментот не бил под американски санкции. Панамските власти, пак, соопштија дека супертанкерот „Сенчерис“ ги прекршил поморските правила, го сменил името и го исклучил транспондерот додека превезувал нафта од Венецуела.

Кина е најголемиот купувач на венецуелска сурова нафта, која сочинува околу 4 отсто од нејзиниот вкупен увоз, што дополнително ја зголемува чувствителноста на ситуацијата.

Подоцна, министрите за надворешни работи на Русија и Венецуела ги осудија американските акции во Карипскиот регион. Москва предупреди дека ескалацијата може сериозно да го загрози меѓународниот поморски сообраќај и безбедноста во регионот, потврдувајќи целосна поддршка за венецуелското раководство и народ.

Во меѓувреме, сателитски податоци покажаа дека празниот супертанкер „Бела 1“, кој американската крајбрежна стража се обиде да го пресретне, се движел североисточно од Бермудите.

Вашингтон тврди дека приходите од венецуелската нафта се користат за финансирање криминални и терористички активности, вклучувајќи трговија со дрога и луѓе. Од септември наваму, американските сили извршија низа напади врз бродови за кои тврдат дека се вклучени во шверц на дрога, иако без јавно презентирани докази. Според семејства и влади, во тие операции загинале повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и рибари.

Каракас, од друга страна, предупредува дека станува збор за обид за промена на режимот и ги опишува потезите на САД како меѓународна пиратерија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Персонализирана вакцина против карцином: руските научници велат дека изработката за еден пациент трае околу три месеци

Магазин | пред 18 часа

media-libraryljc6mbs6be9m83S0YOL

Руска блокада на VPN мрежи предизвика хаос: „Масовен банкарски колапс“

Свет | пред 1 ден

media-libraryu003fm5t6kdnccN5FS7

(Видео) Хаос во Москва: Украински агенти поставиле бомба, високи офицер бил цел на напад

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Русија порачува: „Зеленски нема да помине како Мадуро“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања