Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кина повика на почитување на примирјето меѓу САД и Иран: „Нова војна никому не му е во интерес“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryn5ek73fvurrfe8jsCM8

Кина ги повика САД и Иран да го почитуваат примирјето и да избегнат нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток, откако во последните денови повторно дојде до размена на напади меѓу двете земји.

— реклама —

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека Пекинг е сериозно загрижен поради актуелната безбедносна состојба во регионот.

Нејзината изјава следува откако Вашингтон соопшти дека американските сили извршиле напади врз иранскиот остров Кешм како одговор на, како што тврдат, ирански закани и напади во повеќе делови на Блискиот Исток. САД исто така соопштија дека заедно со сојузниците пресретнале повеќе ирански ракети и беспилотни летала.

— реклама —

Во меѓувреме, властите во Кувајт објавија дека нивните системи за противвоздушна одбрана реагирале на проектили и дронови, кои ги оценија како непријателски.

— реклама —

„Нова војна никому не му е во интерес“, порача Мао Нинг, повикувајќи ги сите страни да ја искористат можноста за мир и да продолжат со дипломатските напори.

Таа нагласи дека е потребно почитување на обврските од примирјето, продолжување на преговорите и насочување кон политички и дипломатски решенија со цел што поскоро да се постигне траен прекин на огнот и да се создадат услови за враќање на стабилноста во регионот.

— реклама —

И покрај примирјето, кое е во сила од 8 април, САД и Иран во последните денови повторно разменија воздушни напади, што дополнително ги зголеми стравувањата од ново ширење на конфликтот на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-librarygv0ohdt3a3m0bLBmQPl

Сајбернапад или технички дефекти? Прекините на „Мајкрософт“ и приземјувањето на авионите ја вознемирија јавноста

Свет | пред 3 часа

media-library730iikr64of2cIFFtzO

Нови 910 откажани летови во САД, проблемите во воздушниот сообраќај продолжуваат

Свет | пред 4 часа

Screenshot-2025-08-16-at-09.17.29

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста маса: Ќе разговараат за намалување на нуклеарното оружје

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања