Промени тема
Контакт

Кисела Вода доби уште едно, целосно инклузивно детско игралиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
orce-gj

Најмладите жители на општина Кисела Вода добија нов простор за игра и разонода. Денес беше ставено во функција целосно инклузивно детско игралиште на површина од над 400м2. Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна континуираната заложба за унапредувањето на јавниот простор и квалитетот на животот и се заблагодари на Државна видео лотарија – Casinos Austria за покажаната општествена одговорност. Преку нивната донација беше реализирана темелата реконструкција на овој простор, кој до пред еден месец беше во многу лоша состојба.

-Продолжуваме со посветено и континуирано инвестирање во унапредувањето на јавниот простор и квалитетот на животот на нашите сограѓани. Денес, токму во центарот на Кисела Вода го отвораме новиот реконструиран простор на површина од над 400м2, предвиден за детска игра.

— реклама —

— реклама —

Новото детско катче кое од денес го ставаме во функција е целосно инклузивно. Реквизитите ќе можат да ги користат сите, вклучувајќи ги и дечињата со посебни потреби, а се поставени врз гумена подлога и просторот е ограден и безбеден за користење. Реконструкцијата опфаќа и кошаркарско игралиште кое ќе се наоѓа во склоп на самиот парк па така, жителите од овој дел на општината ќе имаат и можност да спортуваат на нов и модерен терен. Секако, паркот добива и нова урбана опрема кој ќе понуди совршен амбиент за сите посетители. Сакам да се заблагодарам на Државна видео лотарија – Casinos Austria за покажаната општествена одговорност преку донација на средства со кои се овозможи од едно руинирано, да прерасне во модерно катче за непречена детска забава и игра. Продолжуваме да ја менуваме Кисела Вода секој ден кон подобро, секој ден поубава-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

— реклама —

Претставникот на Државна видео лотарија, Вики Чадиковска, истакна дека нивната компанија досега инвестирала во 18 вакви игралишта низ Македонија. 19-тото е баскет игралиштето кое се наоѓа непосредно до денес отвореното детското игралиште и ќе биде завшено до крајот на 2024 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarydkd5ep51gvm88upuczT

Пожар во Кисела Вода: Се запалило комбе кај „Автомакедонија“

Скопје | пред 14 часа

media-libraryqg891ev0gmnd3r92eza

Жители од Кисела Вода повторно без вода: „Истата цевка пука веќе 14 години“

Скопје | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Без струја дел од Драчево во сабота

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryjrve8gr17st07uJjjWn

(Фото) Вандализам во Кисела Вода: Детско игралиште полеано со масло, граѓаните револтирани

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања