Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Китески: Владеењето на СДС и нивната коалиција во Охрид е синоним за криминал и корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Во текот на вчерашниот ден од страна на ЈП Градски Гробишта против блискиот оперативец на Зечевиќ и Крлеска-Деспотоска и соработник на СДС, советник во Советот на општина Охрид и претседател на ВМРО НП, Ванчо Костоски како претходен директор на ЈП „Градски гробишта, врз основа на ЗКП на РМ поднесена е кривична пријава до ОЈО Охрид и СВР Охрид, поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело согласно чл. 353 од КЗ на РМ ,,Злоупотреба службена положба и овластувања.

Костоски како директор на ЈП „Градски гробишта“ во повеќе наврати со склучување на договори за давање на 8 ( осум ) гробни места под старателство со трговско друштво ИВИРЕ ДООЕЛ од с. Лескоец, во 2019 година му овозможил да стекне противправна имотна корист на наведеното друштво, притоа нанесувајќи штета на претрпијатието со кое раководел.

— реклама —

Со вака овозможеното добивање старателство на гробните места на правното лице ИВИРЕ ДООЕЛ му се пружила можност да истите ги препродава, односно да ги отстапува за финансиски надомест кој согласно сознанијата кои ги имаме е многу повисок од оној по која цена стопанисува ЈП „Градски Гробишта, а истовремено овозможено му е на правното лице и да ги подарува истите, секако како би се избегнале било какви трансакции согласно законот за платен промет. Согласно Законот за гробишта и погребални услуги ваквото постапување на пријавениот е недозволено и поради фактот што законот јасно укажува и утврдува дека гробно место може да се пренесе во старателство во оној момент кога на странката ќе му треба, односно во оној момент кога ќе има смртен случај.

За овие незаконски дејствија постои документацијата од која јасно може да се утврди претходно наведеното и очекуваме во најскоро време да биде постапено по истата.

— реклама —

Покрај ОЈО Охрид го повикуваме и началникот на Економски криминал во СВР Охрид Сашо Јанкоски, кој незаконски е поставен на тоа место во СВР Охрид без да ги исполнува условите согласно Законот за внатрешни работи и за кого во текот на вчерашниот ден слушнавме како ги партизирал институциите со негови блиски луѓе како благодарност за послушноста спрема Зечевиќ, наместо да се занимава со правење измислени оперативни извештаи лично да ја земе и сработи оваа кривична пријава.

— реклама —

Исто така, ги повикувам и инспекторите во Економски криминал при СВР Охрид, да не подлегнуваат на притисокот од криминално поставениот началник, и да не се потпишуваат на неосновани кривични пријави само со цел да се наштети на лица кои не припаѓаат на криминалната структура на СДС, затоа што за секоја неоснована пријава поднесена од криминално поставениот началник ќе дојде време за одговорност.

Наредните денови од страна на ЈП Градски Гробишта против Ванчо Костоски ќе бидат поднесени нови кривични пријави за сторена злоупотреба на службената положба и овластувања, за што јавноста ќе биде информирана.

— реклама —

Време е во Македонија да завладее правдата и правото, а со тоа на пријавениот да му биде изречена казна според законот. Ова нека биде само почеток на тоа што следува затоа што не единствен случај и ќе го бараме истото за сите останати случаи за кои ќе биде јавноста информирана. Ваквото криминално владеење го унуштија Охрид, ги уништија јавните претпријатија и ја уништија Македонија.

Никогаш не било полошо. Време е за промени, време е за ред во државата!", изјави Китески, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата во Македонија е најниска во регионот меѓу земјите со објавени податоци

Македонија | пред 10 часа

media-library2usa516otu319IXcNE8

Единствената коалиција што функционира е СДС, Левица и ДУИ против Изборниот законик, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 10 часа

media-librarykflvct7qbpcp9BfLynD

Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Македонија | пред 1 ден

media-libraryr5ei96jn3qoc1LENMyH

Стојаноски: Македонија има најниска инфлација во регионот, мерките на Владата даваат резултати

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања