Промени тема
Контакт

„Ќе банкротираме како држава“ – алармантна порака на Илон Маск за американската економија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryoam1k2h4o21g9vaeBq4

Директорот на Тесла, Илон Маск, предупреди дека финансискиот слом на Соединетите Американски Држави ќе биде неизбежен доколку вештачката интелигенција и роботиката не донесат длабока трансформација на економијата и не го ублажат товарот од растечкиот јавен долг. Во интервју за „Форбс“, Маск оцени дека сегашната динамика на задолжување е неодржлива и дека без технолошки пробив САД се движат кон банкрот.

— реклама —

Тој посочи дека јавниот долг изнесува околу 38,5 билиони долари, а само каматите достигнуваат приближно еден билион долари годишно, сума што веќе го надминува буџетот за одбрана. Според Маск, без масовна примена на вештачка интелигенција и роботика „Америка е практично готова“, бидејќи ниту една друга мерка не може долгорочно да го реши проблемот со јавниот долг.

— реклама —

Осврнувајќи се на својот ангажман во Одделот за ефикасност на владата, Маск изјави дека целта му била да се забави, како што ја нарече, фискално неодржливата патека на земјата и да се купи време додека новите технологии не создадат силен економски раст. Тој предвиде дека без таков развој САД „1000 проценти ќе банкротираат како држава“.

— реклама —

Маск предупреди и на можните последици од технолошкиот бум, наведувајќи дека наглото зголемување на производството може да предизвика силна дефлација, што реално би го зголемило товарот на долгот. Иако САД имаат предност поради статусот на доларот како светска резервна валута и можноста за задолжување во сопствена валута, економските ризици, според него, остануваат сериозни.

Во истиот контекст, американски експерти и финансиски институции предупредуваат дека земјата се наоѓа на патека што може да доведе до повеќе видови фискални кризи и дека без промена на политиките „некој облик на криза е речиси неизбежен“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

„Смртната казна е неприфатлива“: Папата Лав со порака по најавата на Пентагон

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library52u4i4co6s1m4lgWAkj

(Видео) Девет загинати во пукање во САД, полицијата потврди што се случило со напаѓачот

Свет | пред 12 часа

media-library8s88kcp0aes58iSDhJ8

Американката осудена на смртна казна вратена во затвор откако го преживеа обидот за погубување

Свет | пред 13 часа

media-libraryqn6p4ibd45n46Ni9XYZ

Именувана нова портпаролка на Белата куќа: Која е Кејти Захарија?

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања