Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Ќе бидеме први во Европа“ – Муцунски најави стратешки дијалог со САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
mucunski-3

Македонија ќе биде првата земја во Европа што ќе одржи сесија на стратешки дијалог со САД во рамки на оваа администрација, најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

— реклама —

Во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма, Муцунски потенцираше дека партнерството со Соединетите Американски Држави е од клучно значење за државата и претставува стратешка определба.

— реклама —

„Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон“, истакна министерот Муцунски.

— реклама —

Тој најави дека сесијата ќе се одржи на 7 април во Вашингтон, а македонската делегација ќе ја предводи лично тој како шеф на делегацијата. Во составот ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.

Муцунски изрази очекување дека стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Од „коњопој“ до разговори без договор: Што донесе посетата на Муцунски на Софија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања