Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ќе има промена на министрите во Владата најдоцна до јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Реконструкцијата на Владата се очекува да заврши најдоцна до јуни, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека веќе има изграден став, но дека ќе следуваат разговори со коалициските партнери пред да се финализира процесот.

— реклама —

„Во мај или најдоцна до јуни би требало да се заокружи тој процес“, изјави премиерот, додавајќи дека одлуките ќе бидат донесени по консултации во рамки на владејачката коалиција.

— реклама —

Осврнувајќи се на можноста за предвремени парламентарни избори, Мицкоски повтори дека такво сценарио нема да има. Според него, сите релевантни мерења покажуваат дека граѓаните не даваат предност на избори пред истекот на мандатот.

— реклама —

„Сè додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има“, истакна премиерот, нагласувајќи дека приоритет се државата и реформските процеси.

— реклама —

Тој потсети дека земјата веќе се приближува кон редовниот изборен циклус, што значи дека техничка влада би се формирала кон крајот на 2027 или почетокот на 2028 година, и оцени дека отворањето прашање за избори во овој период претставува политиканство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања