Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Ќе одговориме“: Путин реагираше на предупредувањето на Зеленски дека руското небо станува опасно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarya1be4hmuknmef73E93U
Russian Foreign Ministry's official account

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека воздушниот простор над Русија постепено станува небезбеден за цивилниот воздушен сообраќај, додека Москва неговата порака ја протолкува како закана. Рускиот претседател Владимир Путин порача дека, доколку дојде до трагедии, Русија ќе одговори.

„Денес сакаме да ја предупредиме секоја авиокомпанија што го користи рускиот воздушен простор, секој што сè уште ги користи клучните руски аеродроми: руското небо станува целосно опасно“, изјави Зеленски, според украинските медиуми.

— реклама —

Тој додаде дека руските власти, според него, не го прикажуваат вистинското ниво на опасност, но дека во услови на војната што ја започнала Русија, воздушниот простор над земјата постепено ќе станува недостапен.

„Војната што ја започна Русија го затвора нивното небо“, порача Зеленски, додавајќи дека предупредувањето е упатено не само до цивилното население, туку и до другите држави и авиокомпании.

— реклама —

Изјавата предизвика реакција од Кремљ. Путин рече дека доколку ваквите пораки навистина биле упатени, тие можат да се сфатат како најава за „државен тероризам“.

„Ако е изговорено наглас, тоа едноставно е обвинение за државен тероризам“, изјави Путин. Тој додаде дека Украина истовремено повикува на продолжување на преговорите и средби, но дека, според него, „со терористи не се преговара“.

— реклама —

Рускиот претседател предупреди и дека Москва ќе најде начин да одговори доколку, како што рече, дојде до трагедии.

„Ако, не дај Боже, се случат такви трагедии, ќе најдеме како да одговориме. Нека никој не се сомнева во тоа“, порача Путин.

По изјавите на Зеленски, Украина официјално ја информирала Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) дека, според нејзината проценка, рускиот воздушен простор не е безбеден за цивилниот воздушен сообраќај и повикала на избегнување летови над територијата на Русија.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха за ова информираше преку социјалната мрежа „Икс“ во средата, 2 септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 1 ден

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 1 ден

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања