Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Ќе разговарам и во иднина“ – Мицкоски ја брани комуникацијата со обвинителот Савески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryn690ca6rddis9kwaXZa

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не гледа ништо спорно во тоа што телефонски разговарал со републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, откако во јавноста се отворија прашања за можен притисок врз обвинителството.

— реклама —

Говорејќи за случајот со злоупотребите со мазут, кој беше затворен поради недостиг на докази, Мицкоски нагласи дека постои разлика меѓу судската и обвинителската власт.

— реклама —

„Не знам што е чудно што сум се слушнал со јавниот обвинител. Друго се судиите, судската власт е сосема самостојна. Но, јавниот обвинител го предлагаме ние како Влада, а го избира Парламентот. Логично е да барам отчет од него“, изјави премиерот.

— реклама —

Тој откри дека од Савески побарал информации за текот на повеќе предмети, при што бил информиран дека околу 80 проценти од претходно нераспределените случаи веќе се дадени во работа, што значи дека се отвораат нови предистраги и истраги.

— реклама —

„Не гледам зошто од тоа се направи врева. Ќе разговарам и во иднина, тоа ми е работа – да го прашувам што е, како е и докаде е“, рече Мицкоски, додавајќи дека е нормално да се интересира за процесите во институцијата, имајќи предвид дека Владата го предлага, а Собранието го избира јавниот обвинител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања