Со цел унапредување на координацијата и превентивното делување при справување со потенцијални ризици, денес се одржа работен состанок помеѓу директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, и градоначалникот на Општина Арачиново, г-дин Даут Беќири, на кој присуствуваше и командантот на полициската станица во Арачиново.
„На состанокот се разговараше за унапредување и зајакнување на меѓуинституционалната соработка, како и за координација на активностите поврзани со ангажирање на служба за 24-часовно дежурство на депонијата на територијата на Општина Арачиново, со цел заштита од нејзино потенцијално потпалување.
Дополнително, беше договорено да се реализираат обуки во основните училишта на територијата на општината, со цел едукација на наставниот кадар и учениците за навремено препознавање и ефикасно справување со евентуални ризици и кризни состојби.
Соговорниците ја потврдија подготвеноста за континуирана соработка и заедничко делување, со приоритет на безбедноста на граѓаните и заштитата на животната средина“, информираат од ЦУК.