Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Ќе се одржи протест за платите да се зголемат за најмалку 6.000 денари и минимална плата на 600 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
Screenshot-2025-04-01-at-11.25.51

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, преку отворено писмо до граѓаните упати јасна порака дека најавениот протест на 28 јануари не е прашање на удобност, ниту на слободно време, туку прашање на егзистенција. Како што нагласува, ова не е протест на кој се доаѓа „ако се има време“, ниту настан што може да се одложи со оправдувања за студ, темнина или лошо време.

— реклама —

Трендафилов истакнува дека протестот е директно поврзан со платата на работниците, која, според него, одамна не е доволна за да се преживее од први до први. Тој нагласува дека никој друг нема да се избори за платата на работникот, ако тоа најпрво не го направи самиот работник, а потоа и сите заедно, преку заеднички и масовен отпор. Протестот, како што наведува, е реакција на системското потценување и понижување на работниците, и од страна на работодавачите и од страна на власта.

Во писмото се посочува дека ниските плати за едните значат акумулација на капитал, а за другите средство за политичка контрола, бидејќи, како што вели Трендафилов, сиромашниот народ е полесно управлив. Тој додава дека доколку граѓаните имаат пристојни плати и сигурна работа, нема да бидат принудени да зависат ниту од газдите, ниту од политичките елити.

— реклама —

Протестот, според претседателот на ССМ, е и борба за иднината на децата и внуците, бидејќи со мизерните плати, како што наведува, државата свесно ги турка младите да ја напуштаат земјата. Тој ја оцени состојбата како длабока неправда, во која функционерите и носителите на власт добиваат значителни зголемувања на платите, додека работниците остануваат со минимални приходи. Како пример, Трендафилов го посочува растот на платите на избраните и именуваните лица, кои, според него, си обезбедуваат стотици евра повеќе месечно, додека оние што им ја даваат моќта и ги финансираат преку буџетот, остануваат без реална грижа и поддршка.

Трендафилов упати апел до работниците и граѓаните да не се плашат и да им се придружат на синдикатите на 28 јануари. Според него, главната цел на протестот е зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари, преку зголемување на минималната плата на 600 евра.

Протестот ќе започне на 28 јануари 2026 година во 17 часот пред Работничкиот дом во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Собранието, Стопанската комора и зградата на Владата. Трендафилов информира дека за време на протестот ќе биде обезбеден коридор за итни случаи, извинувајќи им се однапред на граѓаните кои евентуално ќе имаат потреба од движење по истите улици, нагласувајќи дека целта е протестот да помине мирно, но јасно и гласно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqqdkehfnmg4e9SCxmKG

Порбуваат да протнат усогласување на минималец за околу 1.600 денари, борбата продолжува на улица, вели Трендафилов

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Европска конфедерација на синикати: Загрижени сме од извештајот за притисоци и напади насочени кон ССМ

Македонија | пред 1 седмица

media-library6l09otn8scgt9aDmd0W

Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqqdkehfnmg4e9SCxmKG

(Видео) 24 министри живеат на грбот на 530 илјади работници, вели Трендафилов од протестот пред Владата барајќи минимална плата од 600 евра

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања