Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Ќе се радикализираат протестите од утре, а вторник е клучниот ден“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-07-03-at-21.14.51

Пратеникот и првиот човек на Левица, Димитар Апасиев од протестот пред Влада ЗА „Инфомакс“ посочи дека од утре ќе има пожестоки протести. Според него, комплетно ќе се заобиколи Собранието и ќе има обид за потпишување на францускиот предлог. Апасиев посочува: „Гневот тука е многу поголем“.

„Можеме да продолжиме со маршеви, може со блокади, сите аргументи се на наша страна. Мислам дека има време да се консолидираме. Јас сум оптимист, од утре ќе биде пожестоко“, кажа Апасиев.

Тој додаде: „Даваме се од себе, дајте и вие. Не може само Левица да клепи, бујрум на протести да го одбраниме тоа што е наше“.

„Жалосно е овој гнев на народот да не го капитализираме со победа. Вторник е клучниот ден. Власта е комплетно делигитимирана, нема суштествена поткрепа. Ние како сила во налет ако дозволиме да го изврши последното предавство, треба да се распуштиме“, додаде тој.

— реклама —

Тој најави радикализирање.

— реклама —

„Треба конкретни чекори, во конкретни времиња, за да има успех. Нема здрав човек кој ги поддржува. Мислам дека гадно ќе завршат. Ќе си лежат затвор квалитетно. Ќе гледаме да лежат 300 години затвор, за сето ова што го приредија годиниве“, посочува Апасиев.

Според него, нема да се купуваат пратеници. Апасиев смета дека Павле Трајанов се уште стои на ставот дека е против францускиот предлог.

— реклама —

Фото: принтскрин од Инфомакс.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5q25i584j52afVcM07C

Апасиев отиде во Будимпешта, каде е и Груевски: „Работите излегоа од контрола“

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Апасиев со критика за работата на Пошта: Трет ден не прима писма, адвокати пропуштаат рокови

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya6p7d0if6lb153QgI5N

Апасиев до претседателот на Уставниот суд: „Не ви е голема биографијата, туку стомакот“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Апасиев: Што се случи со договорот за една изборна единица?

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања