Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ преку соопштение ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски за несоодветно справување со состојбата со западнонилската треска во Македонија.

Од партијата велат дека до 1 септември се регистрирани 56 случаи на западнонилска треска, при што, според нивните наводи, има и седум починати.

— реклама —

СДСМ тврди дека Македонија е на прво место во Европа според бројот на заболени во однос на бројот на жители, посочувајќи ги како споредба Италија, Грција и Романија.

„Повторно, исто како и здравствената криза со труењето во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски закаснија со реакцијата“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија оценуваат дека Владата нема доволен капацитет за навремена превенција и заштита на здравјето на граѓаните, туку реагира откако состојбата ќе ескалира.

— реклама —

СДСМ упатува критики и за мерките против комарците, обвинувајќи дека не биле спроведени навреме и дека со реакцијата задоцнил и градоначалникот на Општина Центар, Орце Ѓорѓиевски.

„Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливи болести. Не функционираат градоначалниците на ВМРО-ОКГ. Не функционираат здравствените институции“, стои во партиското соопштение.

— реклама —

Од СДСМ додаваат дека државата, според нив, не ја менаџира епидемијата, туку само реагира на нејзините последици.

„Цената ја плаќаат граѓаните, со своето здравје“, порачаа од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања