Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Клековски: Испратени 6.526 СМС-пораки за заштита од комарци, ќе следуваат уште над 31 илјада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library9ikf0likqqqh0eSPggc

Засилени мерки за контрола на комарците и информирање на населението се спроведуваат во подрачјата каде што е регистриран зголемен број случаи на западнонилска треска, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

— реклама —

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, заклучно со 18 август во Македонија се регистрирани 38 случаи на западнонилска треска, од кои 36 се потврдени, а два се веројатни. Дури 37 случаи се регистрирани во Скопскиот регион. Досега има и четири смртни случаи кај лица со невроинвазивна форма на болеста, а во периодот од 12 до 18 август се пријавени 12 нови случаи.

— реклама —

На 11 август, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на западнонилска треска во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.

Клековски информираше дека продолжуваат систематските и вонредните активности за ларвицидна и адултицидна дезинсекција, со авионско и терестичко прскање во Скопје и општините Гази Баба, Кисела Вода, Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Чучер Сандево и Велес. До 14 август биле реализирани повеќе циклуси на третман, вклучително и дополнителни интервенции на застоени водени површини.

— реклама —

Паралелно се спроведува и СМС-кампања за информирање на граѓаните за заштита од комарци. Планирано е да бидат испратени околу 38.500 пораки. Вчера биле испратени 6.526 пораки до граѓаните во Петровец и Гази Баба, а во наредниот период ќе бидат испратени уште 31.365.

— реклама —

Од Министерството потсетуваат дека граѓаните треба да отстрануваат застоена вода од дворовите, редовно да ги чистат олуците, да користат заштитни мрежи и репеленти и да избегнуваат престој на отворено во зори и самрак. При појава на висока температура, главоболка, вкочанетост на вратот или други симптоми, се препорачува веднаш да се побара лекарска помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања