Промени тема
Контакт

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library4i6nnd7hil6e8LXIkLy

Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар, односно лица кои за првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Според податоците од јавните здравствени установи, во текот на понеделникот (20 јули) во Општата болница Гостивар биле извршени вкупно 183 прегледи, од кои 111 на Инфективното одделение, 65 на Педијатриското одделение и седум во Ургентниот центар.

— реклама —

Во Здравствениот дом Гостивар, пак, биле евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош.

Клековски посочува дека во споредба со претходниот ден, кога во Општата болница биле регистрирани 289 прегледи, вчера нивниот број е намален за 38 проценти и изнесувал 183.

— реклама —

Тој додава дека континуирано се намалува и бројот на прегледи во Здравствениот дом, каде што на 18 јули биле регистрирани 315 пациенти, на 19 јули 275, а на 20 јули 110 пациенти, што, според него, укажува на продолжување на позитивниот тренд.

media-library1jqu7s45alon1EQ7AzG

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn

Силен мирис на запалено во Гостивар, Ангелов: Не гори Русино, ниту дивата депонија во Чегране

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања