Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Клиничката болница во Тетово ќе добие нова инфектологија, онкологија и гинекологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
bolnica-tetovo

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска го претстави концептот за целосна реконструкција, проширување и модернизација на Клиничката болница во Тетово, во рамки на посета со делегации од Светска банка и Европската инвестициска банка.

— реклама —

На средбата присуствувале градоначалникот на Тетово, Билал Касами, директорот на Клиничката болница, д-р Ерзен Елези, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, како и претставници на Министерството за здравство.

— реклама —

Според презентираниот концепт, предвидена е целосна реконструкција и модернизација на хируршкиот и интернистичкиот блок, изградба на нов павилјон за инфектологија, онкологија, хематологија и психијатрија, како и современ објект за гинекологија, акушерство и неонатологија.

Со проектот треба да се подобрат условите за лекување на пациентите и работата на здравствените работници, а граѓаните да добијат поголем број здравствени услуги во својот регион.

— реклама —

Во рамки на посетата, Клековски го обиколи и Одделот за онкологија, кој во моментов се проширува и се подготвува за прием на поголем број пациенти.

— реклама —

Министерот порача дека целта е создавање посилно и рамномерно развиено регионално здравство, со современи услови за лекување во сите делови на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryolai1l68gcuidh98FJD

Фалсификувале договор за купопродажба и префрлиле стан на свое име – кривична за двајца тетовци

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryp2j390mlgjct3VZUKVN

(Видео) Момче на електричен тротинет ја закачило и оштетило рампата на влезот во тетовско училиште

Македонија | пред 1 седмица

media-library6vnneot6mh86coVxxZc

(Видео) По снимките што се шират на „Тикток“ од Тетово, полицијата објасни што се случило

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

19-годишник од Тетово загина во Италија, паднал од покрив висок околу седум метри

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања