Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) По снимките што се шират на „Тикток“ од Тетово, полицијата објасни што се случило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library6vnneot6mh86coVxxZc

Неколку малолетници во Тетово се обиделе да им пристапат на две 11-годишни деца за да проверат дали на нивната облека има обележја на навивачка група, но по реакција на случајни минувачи, не дошло до физички контакт, соопшти Секторот за внатрешни работи Тетово.

— реклама —

Полицијата се огласи по видеоматеријалите што се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа реакции во јавноста, појаснувајќи дека снимките што се споделуваат во дел од медиумите не се од синоќешниот инцидент.

— реклама —

„Според информациите на СВР Тетово, синоќа неколку малолетници се обиделе да пристапат до две 11-годишни малолетни лица со намера да проверат дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до каков било физички контакт“, наведуваат од полицијата.

Од СВР Тетово нагласуваат дека видеата што се шират на социјалните мрежи потекнуваат од други, претходни настани и не го прикажуваат инцидентот што се случил синоќа. Инаку еден од профилите е потпишан како „каурски пи**и“.

— реклама —

Полициските службеници преземаат мерки за идентификување на сите инволвирани малолетници и целосно расчистување на случајот, со посебен акцент на спречување меѓуетничка, меѓунационална и спортска нетрпеливост меѓу младите.

Полицијата апелира до граѓаните и медиумите да не споделуваат непроверени снимки и информации што можат дополнително да предизвикаат вознемиреност во јавноста.

media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

„Петмина тепаат едно дете и снимаат“: Вознемирувачко сведоштво од Тетово

Пет малолетници на возраст од околу 13 и 14 години, според тврдењата на родител, пресретнале две 11-годишни деца во центарот на Тетово, ги фатиле за врат и се обидувале да им ги соблечат јакните за да проверат дали носат облека со ознаки на навивачката група „Војводи“. Инцидентот, како што наведува родителот, се случил додека децата оделе на тренинг.За случајот јавно алармираше Дарко Гавро, кој во објава во фејсбук-групата „Го љубим Тетово“ тврди дека неговиот син и уште едно дете биле малтретир

Коментари | пред 1 ден

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

19-годишник од Тетово загина во Италија, паднал од покрив висок околу седум метри

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library4u7af63gvrsddhJNmNW

Нови детали за превртениот автобус во тетовско: Немало патници, несреќата се случила пред да ги земе

Македонија | пред 4 седмици

media-librarygdfsnbhkf4l6eGlIE4b

(Видео) Автобус излетал од патот во близина на Стенче

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryuh8iq91pp6mpcZBdutJ

Трагична вест од Тетово: Загина младиот фудбалер Даниел Николовски

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања