Клуни му возврати на Трамп по потсмевот за француското државјанство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryh4spsbo1659r9wIfcFu

Холивудскиот актер Џорџ Клуни остро реагираше на критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, откако Трамп му се потсмеваше поради одлуката на Франција да му додели државјанство на славниот актер и на неговото семејство.

— реклама —

Трамп го нарече 64-годишниот оскаровец и неговата сопруга Амал „двајцата најлоши политички прогнозери на сите времиња“, откако на почетокот на месецов им беа врачени француски пасоши. Семејството Клуни веќе со години живее на својот имот на југот од Франција, пишува „Гардијан“.

На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп – чија администрација поддржуваше антимиграциски партии во Европа – порача дека Франција е „добредојдена“ да ја прими ѕвездата на филмот „Ocean’s Eleven“, долгогодишен поддржувач на демократите и гласен критичар на претседателот.

— реклама —

„Добри вести! Џорџ и Амал Клуни, двајцата најлоши политички прогнозери на сите времиња, официјално станаа државјани на Франција, која, за жал, се соочува со голем проблем со криминалот поради апсолутно ужасното справување со имиграцијата“, напиша Трамп.
Тој додаде дека Клуни добил „повеќе публицитет за политика отколку за своите многубројни и целосно просечни филмови“, тврдејќи дека „воопшто не бил филмска ѕвезда“.

Клуни му одговори преку „Hollywood Reporter“, осврнувајќи се и на американските избори закажани за 3 ноември: „Целосно се согласувам со актуелниот претседател. Мораме повторно да ја направиме Америка голема. Почнуваме во ноември.“

Контроверзии во Франција
Веста за доделувањето француско државјанство на семејството Клуни доаѓа непосредно пред стапувањето во сила на построгите јазични услови за натурализација според новите имиграциски правила од 1 јануари. Слабото познавање на францускиот јазик од страна на Клуни предизвика критики дури и во редовите на владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Лично, го разбирам чувството на некои Французи за двојни стандарди. Мора да бидеме внимателни со пораката што ја испраќаме“, изјави за радио France Info Мари-Пјер Ведрен, помлада министерка за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нунец и Министерството за надворешни работи, пак, ја бранеа одлуката, повикувајќи се на Граѓанскиот законик, според кој француското државјанство може да се додели со натурализација на странци кои зборуваат француски, го побарале државјанството и со својот истакнат придонес влијаат врз меѓународниот углед и економските односи на Франција.

Клуни и самиот призна дека францускиот јазик сè уште не му оди најдобро. „Ја сакам француската култура и вашиот јазик, иако и по 400 дена курсеви сè уште сум слаб“, изјави тој за радио RTL во декември – на англиски јазик. За разлика од него, неговата сопруга Амал, меѓународна адвокатка за човекови права, течно зборува француски.

Официјалното објаснување од Париз
Семејството Клуни во 2021 година го купи имотот Domaine du Canadel, поранешно лозје во близина на провансалскиот град Брињол. Клуни изјави дека тоа е местото каде неговото семејство е „најсреќно“, пофалувајќи ги француските закони за приватност и можноста децата да ги расте далеку од Холивуд.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека доделувањето пасоши „ги исполнува условите пропишани со закон“ и дека постапката поминала низ „ригорозна процедура“, вклучувајќи безбедносни проверки и интервјуа за натурализација. Министерството додаде дека семејството Клуни со својот придонес го зголемува меѓународниот углед и културниот престиж на Франција.

Во текот на 2024 година, француско државјанство добиле околу 48.800 лица. Очигледно, Клуни не е единствениот Холивудец што посакува француски пасош – режисерот Џим Џармуш објави дека и тој аплицира, велејќи дека сака „место каде може да побегне од Соединетите Американски Држави“, пренесе агенцијата Франс-прес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Администрацијата на Трамп планира ВИ да пишува федерални закони

Свет | пред 4 часа

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп го разруши светскиот поредок: Што следува понатаму?

Свет | пред 16 часа

media-libraryssj9msei5a4gcb2Sza9

Канадскиот премиер: Трамп ме повика, му реков дека стојам зад сè што кажав во Давос

Свет | пред 17 часа

media-libraryp3k4mm010msrel68ZfF

Францускиот министер: Ако ЕУ сериозно мисли на одбраната, треба да престане да купува делови од САД

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања