Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Коце Трајановски го потпиша анексот со кој автопатот Кичево - Охрид поскапува за 186 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
media-librarymebm9cekr5j3areMsP6

Потпишан е Анекс бр. 8 на договорот за автопатот Кичево–Охрид од ЈПДП и Синохидро, со кој се овозможува довршување на работите. Анексот предвидува дополнителни 186 милиони евра и нов краен рок 31 мај 2027, поради непредвидени работи: санација на 14 свлечишта, еластична ограда по EN 1317, контролен центар и паралелни патишта. Во 2025 предвреме се пуштени делници со вкупно 27,96 км (двата коловоза) и дел пристапни патишта.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По претходно потпишување на Анексот бр. 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседател на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис на Анексот 8 ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во Македонија г-дин Чен Чен.

— реклама —

Со Анексот бр. 8 од Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, и краен рок за завршување 31 мај 2027 година. Ова е потребно заради непредвидени и дополнителни нови градежни работи кои се нужни и неопходни за целосно и квалитено завршување на проектот и на активности поврзани со:

1. Санација на 14 свлечишта и обезбедување на глобална стабилност

2. Еластична Одбојна Ограда со примена на EN 1317 Стандард,

3. Изградба на контролен центар,

4. Дополнителните работи за изградба на паралелни патишта.

Со ова се надминати проектните предизвици со косините и свлечиштата и може да се продолжи поинтензивно со градежните активности.

Инаку, во изминатиот период, посебно во минатата година, со силна поддршка на Владата се забрза напредокот на проектот па така на 13 јули, 7 септември и 31 декември 2025 година предвремено се овозможи пуштање во сообраќај на 13,5 км, 12,34 км и 2,12 км од првите делови од главната траса на потегот од Врбјани до Ботун, како и Климештани-Охрид, со вкупна должина на двата коловоза од 27,96 км. Исто така, беа изградени и дел од пристапните патишта за околните села, при што се постигнаа значајни резултати во текот на различните фази на изградбата“, информираат од ЈПДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb33nkrtou7lr0vvWwkN

590 работници и над 500 машини на терен: Коридор 8 и 10 ќе донесат целосен автопат од Скопје до Охрид

Македонија | пред 3 седмици

IMG_5144

Николоски и Трајановски на терен: Експресениот пат Куманово – Ранковце-Крива Паланка ќе го завршиме до крај на година

Македонија | пред 1 година

IMG_4878

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Македонија | пред 1 година

IMG_7784

Коце Трајановски нов директор на Државни патишта

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања