Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

590 работници и над 500 машини на терен: Коридор 8 и 10 ќе донесат целосен автопат од Скопје до Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryb33nkrtou7lr0vvWwkN

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, информира дека изградбата на делницата Гостивар–Букојчани претставува сериозен инженерски зафат во сложен планински предел, со силна динамика на терен.

— реклама —

Според него, од вкупно 31 километар, активно се работи на 11 километри, со реализација од речиси 59 проценти на таа секција. Работите, како што посочи, не запреле ниту во зимски услови.

Во моментов се градат четири моста и еден натпатник, а мостот на седмиот километар е во завршна фаза, при што веќе се одвива сообраќај по двете ленти. На терен се ангажирани 590 работници, повеќе од 500 машини и 55 камиони, а само во една недела се извршени околу 45.000 кубни метри ископ.

— реклама —

Изграден е и камп со капацитет за над 1.200 лица, при што, како што нагласи Трајановски, во реализацијата активно се вклучени и домашни компании.

Тој посочи дека со изградбата на сите делници од Коридор 8 и Коридор 10, заедно со автопатот Кичево–Охрид, ќе се обезбеди целосна автопатска врска од Скопје до Охрид, што ќе значи побрз и побезбеден сообраќај, како и значителен економски и туристички придонес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymebm9cekr5j3areMsP6

Коце Трајановски го потпиша анексот со кој автопатот Кичево - Охрид поскапува за 186 милиони евра

Македонија | пред 4 дена

IMG_5144

Николоски и Трајановски на терен: Експресениот пат Куманово – Ранковце-Крива Паланка ќе го завршиме до крај на година

Македонија | пред 1 година

IMG_4878

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Македонија | пред 1 година

IMG_7784

Коце Трајановски нов директор на Државни патишта

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања