🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Коцевски заминува со обвинувања за политички притисок врз обвинителството: Се удира врз правната држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
kocevski1111

Љупчо Коцевски соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата државен јавен обвинител, оценувајќи дека целата постапка за негово разрешување била политичка одлука и директен удар врз принципите на правната држава и поделбата на власта. Тој истакна дека од функцијата заминува со „гордо крената глава“, но и со сериозна разочараност поради, како што наведе, очигледното непочитување на законските процедури и институционалната самостојност на обвинителството.

— реклама —

Коцевски посочи дека поканата за седницата на Собранието на која требало да се расправа за негово разрешување ја добил дури еден час пред нејзиниот почеток, без претходно да му биде доставен предлогот за разрешување и без можност да се подготви и произнесе. Според него, тоа покажува дека расправата била планирана како формалност, а не како суштинска и законска постапка, при што предлогот за разрешување, како што наведе, содржел само неколку реда без факти, аргументи и образложенија.

Тој потенцира дека Законот е јасен и дека државниот јавен обвинител може да биде разрешен само доколку е утврдена тешка дисциплинска повреда, што во неговиот случај никогаш не било сторено. Потсети дека Советот на јавните обвинители дал негативно мислење по предлогот на Владата, што, според него, дополнително ја прави постапката правно неиздржана.

— реклама —

Говорејќи за суштината, Коцевски истакна дека обвинителството работело во услови на сериозен недостиг од кадар, ресурси и техничка поддршка, но и покрај тоа, резултатите биле видливи и мерливи. Тој наведе дека ефикасноста во 2024 година е зголемена во однос на претходната година, а дека истиот тренд се очекува и за 2025 година. Потсети и на бројни предмети од висок јавен интерес, вклучително и случаи на поткуп, влијанија во правосудството, организиран криминал, даночни малверзации и злоупотреби на европски фондови.

Коцевски посебно ја истакна истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“, која, како што рече, била завршена за рекордно краток рок, нагласувајќи дека сето тоа се случувало без соодветна поддршка од извршната власт. Тој оцени дека најсериозната критика во извештаите на Европската комисија – политичките притисоци врз правосудството – токму со оваа постапка добива своја потврда.

Како една од клучните причини за притисоците, Коцевски го наведе процесот на „прочистување“ во обвинителството, потсетувајќи дека бил првиот државен јавен обвинител кој спровел контроли во вишите обвинителства и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по што иницирал дисциплински постапки за утврдени пропусти и нанесени милионски штети.

Во своето последно обраќање од функцијата, тој им се заблагодари на јавните обвинители и вработените за, како што рече, нивната пожртвувана работа под силни притисоци и неоправдани јавни напади, нагласувајќи дека обвинителството мора да остане институција што му служи на законот, а не на политиката.

На граѓаните им порача да ја чуваат и бранат самостојноста на обвинителството, оценувајќи дека институциите се поголеми од поединците и дека правдата мора да биде поголема од политиката, без разлика на тоа кој ја извршува функцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6djppjqu1g046lzlSwv

Од забава за добредојде со државни пари до тивка оставка: Како замина Љупчо Коцевски од Обвинителството

Македонија | пред 1 ден

media-libraryd6tgmsuqcgrqe46kQ7i

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Македонија | пред 1 ден

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

“Заминува обвинител кој броеше обвиненија, а не резултати”, жестока критика за Коцевски

Македонија | пред 2 дена

media-librarydnaj2jgttf7d8Y1D3nc

Љупчо Коцевски и официјално замина: Собранието ја констатираше оставката на државниот јавен обвинител, следеа реакции

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања