„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryd6tgmsuqcgrqe46kQ7i
Скопје1.мк

Љупчо Коцевски заминува во историјата како државен обвинител со најкраток мандат по осамостојувањето на Македонија – неполни две години на функцијата, и покрај повеќекратните јавни уверувања дека оставка нема да поднесе.

— реклама —

Со неговото заминување, повторно се отвора едно од најчувствителните прашања во правосудниот систем – како се избира нов државен обвинител и кој ќе се нафати да го преземе „жешкиот костен“. Функцијата е клучна за функционирањето на правната држава, но и исклучително изложена на политички притисоци. Не случајно, еден од поранешните обвинители, Прчевски, кој поднесе оставка во знак на револт, јавно изјави: „Јас ќе бидам последниот будала кој се нафатил на оваа функција“.

Иако позицијата формално е престижна, јавни аспирации засега нема, а во правните и политичките кругови кружат само шпекулации околу можните наследници на Коцевски.

— реклама —

Измените на Законот за јавно обвинителство од 2020 година имаа за цел да ја зајакнат независноста на државниот обвинител и да спречат негово разрешување со секоја промена на власта. Сепак, практиката покажа дека законските одредби не се доволно прецизни. И изборот и разрешувањето се вршат со исто мнозинство – 61 пратеник, што, според дел од правната фела, остава простор за политичко влијание.

Поради тоа, сè погласни се размислувањата дека е потребно воведување построги и поконкретни критериуми за разрешување, со цел вистинска заштита на независноста на функцијата.

Процедурата за избор на наследник на Коцевски започнува уште денес. Собранието треба да распише јавен оглас за именување државен јавен обвинител, кој се објавува во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весника, од кои еден мора да биде на јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните.

Заинтересираните кандидати имаат рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот да поднесат пријава.

По истекот на рокот, Владата бара мислење од Советот на јавни обвинители за сите пријавени кандидати. Советот е должен во рок од 15 дена да достави писмено образложено позитивно или негативно мислење.

Од кандидатите кои ги исполнуваат законските услови и добиле позитивно мислење, Владата избира еден и го предлага до Собранието. Изборот, исто како и разрешувањето, се врши со 61 глас „за“, а кон предлогот задолжително се доставува и мислењето на Советот.

Доколку Советот не достави мислење во предвидениот рок, истиот може да се продолжи за уште 15 дена. Ако и тогаш нема мислење, се смета дека тоа е позитивно.

Процесот може да се искомплицира доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден кандидат. Во таков случај, Владата нема основ да предложи кандидат, па ќе му предложи на Собранието да распише нов јавен оглас.

Законот прецизира дека за државен обвинител може да биде избрано лице со најмалку 10 години непрекинат работен стаж како јавен обвинител или судија од областа на кривичното право. Мандатот трае шест години, со можност за повторен избор, без оглед на возраста.

Доколку изборот се одолговлечи, Советот на јавните обвинители именува вршител на должност од редот на обвинителите во ЈОРМ, кој ќе ја извршува функцијата до изборот на нов државен обвинител.

Изборот на нов државен обвинител е еден од најважните процеси за функционирањето на правната држава, со директно влијание врз борбата против криминалот и корупцијата. Но, во услови кога „хартијата трпи сè“, вистинскиот тест допрва следува – дали овојпат клучни ќе бидат професионалноста, интегритетот и квалитетот на кандидатот, или повторно политичката математика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynmcgn90kvuoadjOnktj

Немал возачка, возел брзо, преку спротивна лента - ја усмртил и побегнал преку Табановце: нови детали за трагедијата во Капиштец

Скопје | пред 1 ден

media-librarykpkv72gk1ldc5ZiHa3j

Дадена наредба за обдукција на двегодишното дете кое почина на Клинички, по повреда на новогодишната ноќ

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

(Фото) Од 25 до 31 година имаат лицата кои се гонат за сексуална продажба на малолетничка, која ја терале и да се дрогира

Македонија | пред 2 седмици

tepanje-dete

Повеќе од година малолетничка била сексуално експлоатирана во Тетово: ја натерал да се заљуби во него, па ја продавал

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања