Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Од забава за добредојде со државни пари до тивка оставка: Како замина Љупчо Коцевски од Обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library6djppjqu1g046lzlSwv

Љупчо Коцевски ја заврши функцијата државен јавен обвинител без проштална средба, без забава и без формално појавување на работа. За разлика од неговото доаѓање на функцијата, кое беше одбележано со организиран настан и кетеринг, заминувањето помина тивко, без храна и пијалоци за колегите.

Од Јавното обвинителство, на прашањето дали Коцевски организирал каква било проштална средба, кусо одговорија: „Не почастил“.

— реклама —

Според информации од Обвинителството, Коцевски денеска воопшто не се појавил на работното место. Само еден ден претходно, тој јавно изјави дека ќе си замине порано од работа, наведувајќи дека е преморен и дека со денови останувал до доцна во својот кабинет. Дали просторијата ја испразнил и формално ја предал функцијата – засега нема официјална потврда.

Неговото заминување дојде ненадејно. Вчера, пред Собранието формално да ја започне постапката за негово разрешување, Коцевски поднесе оставка, со што, практично, ги претекна пратениците и ја затвори процедурата.

За разлика од ваквиот крај, почетокот на мандатот на Коцевски беше одбележан со свечен прием во куполата на Јавното обвинителство. Тој тогаш организираше забава за добредојде, на која беа поканети обвинители, претставници на стручната јавност, невладини организации и државни институции.

— реклама —

Како што тогаш информираше Обвинителството, за кетеринг биле потрошени околу 80.000 денари. Дел од сумата бил платен од буџетот на Обвинителството, а дел лично од Коцевски. Според доставената документација, од јавни средства биле платени 39.102 денари, додека преостанатите 40.698 денари, како и трошоците за пијалаци, ги подмирил лично Коцевски.

На настанот присуствувале над 100 гости, меѓу кои и поранешни и пензионирани обвинители, како и неговиот претходник Љубомир Јовески. Меѓу поканетите била и Вилма Русковска, иако таа претходно беше разрешена поради дисциплински повреди, во постапка со која претседаваше токму Коцевски.

— реклама —

Од Обвинителството тогаш изјавија дека не располагаат со официјална листа на гости и дека станувало збор за „неформална средба“.

Две години подоцна, истиот обвинител заминува, без настан и без симболичен гест кон институцијата што ја водеше. Од забава за добредојде со над сто гости, до заминување без проштална честенка – мандатот на Љупчо Коцевски заврши тивко, но со силен јавен одек.

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

“Заминува обвинител кој броеше обвиненија, а не резултати”, жестока критика за Коцевски

Адвокатот Владимир Туфегџиќ со остра критика реагираше на оставката и јавното обраќање на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи дека тој си заминува од функцијата „тивко, празно, анемично и без поента“, исто како што, според него, и бил избран.Туфегџиќ наведува дека Коцевски во своето заминување се повикал на политички „линч“, иако, како што потенцира, бил избран зад затворени врати, без вистинска конкуренција, транспарентна и отворена постапка. Според него, доволно говори и факто

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
kocevski1111

Коцевски заминува со обвинувања за политички притисок врз обвинителството: Се удира врз правната држава

Љупчо Коцевски соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата државен јавен обвинител, оценувајќи дека целата постапка за негово разрешување била политичка одлука и директен удар врз принципите на правната држава и поделбата на власта. Тој истакна дека од функцијата заминува со „гордо крената глава“, но и со сериозна разочараност поради, како што наведе, очигледното непочитување на законските процедури и институционалната самостојност на обвинителството.Коцевски посочи дека поканата за

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryd6tgmsuqcgrqe46kQ7i

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Љупчо Коцевски заминува во историјата како државен обвинител со најкраток мандат по осамостојувањето на Македонија – неполни две години на функцијата, и покрај повеќекратните јавни уверувања дека оставка нема да поднесе.Со неговото заминување, повторно се отвора едно од најчувствителните прашања во правосудниот систем – како се избира нов државен обвинител и кој ќе се нафати да го преземе „жешкиот костен“. Функцијата е клучна за функционирањето на правната држава, но и исклучително изложена на п

Македонија | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd6tgmsuqcgrqe46kQ7i

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

“Заминува обвинител кој броеше обвиненија, а не резултати”, жестока критика за Коцевски

Македонија | пред 6 месеци

kocevski1111

Коцевски заминува со обвинувања за политички притисок врз обвинителството: Се удира врз правната држава

Македонија | пред 6 месеци

media-librarydnaj2jgttf7d8Y1D3nc

Љупчо Коцевски и официјално замина: Собранието ја констатираше оставката на државниот јавен обвинител, следеа реакции

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања