Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека иницијативите во судството не се однесуваат на реформи, туку исклучиво на зголемување на буџетот за поголеми плати на судиите и обвинителите.

— реклама —

„Сега веќе на целата јавност ѝ е јасно дека не зборуваме за реформи, туку за зголемување на буџет за зголемување на платите. Нека суди јавноста дали обвинителите и судиите ја заслужуваат и оваа плата што ја земаат. Ние зборуваме само за зголемување на платите, и тоа двапати повеќе од поразвиени земји членки во ЕУ“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека никој нема ништо против покачувањето на платите во администрацијата, но според него, проблемот е што „дел од судиите и обвинителите наместо да се борат против корупцијата, се генератор на истата“.

„Има цел серијал на случаи како суделе некои судии и како обвинувале некои обвинители, а сега кодошат низ Брисел. Таму нека проценат дали овие луѓе заслужуваат поголеми плати“, истакна премиерот.

— реклама —

Мицкоски нагласи дека „одредени политичари кои доаѓаат од Мала Речица и Бихакќа“ ги поставиле овие кадри и сега ги бранат „од страв дека нема да се спасат“.

— реклама —

„Со неколкумина судии и обвинители кои ја бранат поранешната власт, правдата е невозможна. По локалните избори, без разлика на критиките, ќе ги најдеме правните механизми за да добиеме обвинители кои обвинуваат и судии кои судат според закон и Устав“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Македонија | пред 1 ден

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 3 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања