Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кој е Зиндашти, наркобосот по кого трага ФБИ, а чие име го спомена директорот на АНБ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 25 минути -

Македонија
media-library11t91jb8fqag8jgnZiJ

Иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маване и Наџи Шарифи Зиндашти, ирански наркобос по кого трага американското Федерално истражно биро (ФБИ), се имињата што привлекуваат особено внимание во истрагата за разбиената иранска прокси-мрежа во Македонија. Нивната поврзаност беше јавно посочена од директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, на прес-конференцијата на која беа обелоденети деталите за спречениот атентат во Грција.

Според информациите на АНБ, по десетмесечна оперативна истрага била разоткриена криминална мрежа во Македонија, поврзана со иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маване. Агенцијата наведува дека тој имал врски со други посредници на иранските безбедносно-разузнавачки служби, меѓу кои и со Наџи Шарифи Зиндашти.

Христовски посочи дека Маване бил главниот носител на планираната операција и дека домашната криминална мрежа добивала директни насоки од него. Нејзините членови, според сознанијата на АНБ, биле лица вклучени во криминални структури во Македонија, кои преземале логистички и други подготвителни активности за извршување атентат врз однапред определено лице на територијата на Грција.

— реклама —

Според грчкиот медиум „Прототема“, цел на нападот бил Израелец со грчко потекло, кој имал раководна функција во компанија и бил од посебен интерес за иранските разузнавачки служби. Грчките власти претходно добиле информации за можна закана врз него, поради што бил ставен под полициска заштита.

Истрагата покажала дека контактите меѓу учесниците не се одвивале само во Македонија. Тие одржувале тајни средби во трети држави, меѓу кои и во Иран. Преку соработката и размената на информации со странските партнерски служби биле утврдени нивниот начин на комуникација, меѓусебната поврзаност и контактите со странски државјани поврзани со таканаречени прокси-мрежи.

Зиндашти е ирански државјанин кој Европската Унија го означува како наркотрговец и водач на организирана криминална мрежа. Неговото име се најде и на списокот на барани лица на американското ФБИ, поради сомневања за учество во заговор за нарачани убиства на две лица во американската сојузна држава Мериленд.

— реклама —

Според информациите објавени од ФБИ, неговата криминална мрежа, со седиште во Иран, од декември 2020 до март 2021 година наводно користела шифрирани интернет-апликации за комуникација за ангажирање криминални групи во Северна Америка. Целта, според американските власти, била убиство на две лица кои ја напуштиле Иран. Мрежата, исто така, наводно обезбедувала средства и ресурси за обид за прекугранично убиство на лице во САД.

На 13 декември 2023 година, по обвинението за заговор за користење средства за меѓудржавна трговија со цел извршување убиство за нарачка, федерален суд во Минесота издал налог за негово апсење. ФБИ и натаму го води Зиндашти како барано лице.

— реклама —

Неговото име се поврзува и со пошироки активности насочени против ирански дисиденти и противници на властите во Техеран. Американските институции наведуваат дека неговата криминална мрежа била поврзана со активности за прекугранична репресија.

На 15 јули 2025 година, Европската Унија го стави Зиндашти на списокот со санкционирани лица во рамките на мерките против сериозни повреди и злоупотреби на човековите права. Во образложението се наведува дека тој е ирански наркотрговец и водач на организирана криминална група, која извршувала активности на прекугранична репресија, вклучително и убиства надвор од Иран.

Европската Унија наведува и дека Зиндашти е поврзан со иранското Министерство за разузнавање и безбедност, институција за која се посочува дека е одговорна, меѓу другото, за операции насочени против лица кои ги критикуваат политиките на Исламската Република Иран.

— реклама —
media-libraryk3431813vrhs1lJmjB8

Терористичка операција подготвувана преку Македонија: АНБ откри иранска прокси-мрежа, требало да направат атенатат во Грција

Криминални структури од Македонија, по директни насоки на ирански државјанин поврзан со разузнавачки мрежи на Иран, преземале подготвителни и логистички активности за извршување терористички акт, односно атентат врз однапред определено лице во Грција. Ова го соопшти директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, откривајќи детали од операцијата што траела околу девет до десет месеци.Според Христовски, АНБ презела оперативно-технички и аналитички активности за разоткривање м

Македонија | пред 8 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytqnv69h1v17a0xitgM2

Откриени нови детали: Познат бизнисмен бил цел на планираниот атентат во Грција

Македонија | пред 1 час

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања