Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Откриени нови детали: Познат бизнисмен бил цел на планираниот атентат во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 53 минути -

Македонија
media-librarytqnv69h1v17a0xitgM2

Нови детали откриваат како била организирана меѓународната операција за ликвидација на израелски државјанин во Грција, во која, според истрагата, биле ангажирани шест лица од Македонија, осомничени за учество во планот за убиство.

— реклама —

Според грчкиот медиум „Прототема“, цел на нападот бил Израелец со грчко потекло, кој имал раководна функција во компанија и бил од посебен интерес за иранските разузнавачки служби. Грчките власти претходно добиле информации за можна закана врз него, поради што бил ставен под полициска заштита.

— реклама —

Како главен организатор на операцијата се посочува иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маване, за кого постојат сомневања дека соработувал со безбедносните и разузнавачките структури на Техеран. Во организацијата, според истражните сознанија, му помагал Наџи Шарифи Зиндасти, ирански државјанин баран од американското ФБИ поради случај поврзан со планирани убиства во Мериленд и активности против ирански дисиденти.

Зиндасти, според објавените информации, ја организирал регрутацијата на шест лица од Скопје и Куманово, на возраст од 29 до 73 години. Сите имале криминално минато поврзано со организиран криминал, а нивната задача била да отпатуваат во Грција, да се приближат до целта и да го извршат планираното убиство.

— реклама —

Осомничените, според „Прототема“, не одржувале контакти со организаторите само од Македонија. Тие се среќавале со Маване во Иран и во други држави, што укажува на меѓународните размери на операцијата.

— реклама —
media-libraryk3431813vrhs1lJmjB8

Терористичка операција подготвувана преку Македонија: АНБ откри иранска прокси-мрежа, требало да направат атенатат во Грција

Криминални структури од Македонија, по директни насоки на ирански државјанин поврзан со разузнавачки мрежи на Иран, преземале подготвителни и логистички активности за извршување терористички акт, односно атентат врз однапред определено лице во Грција. Ова го соопшти директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, откривајќи детали од операцијата што траела околу девет до десет месеци.Според Христовски, АНБ презела оперативно-технички и аналитички активности за разоткривање м

Македонија | пред 7 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања