Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Кој ќе настапува за нова година во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Press_programa_2323122022001

Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски, Петар Нечоски се само дел од естрадните уметници кои ќе настапат за дочек на Нова Година на градскиот плоштад во Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков на средба со новинарите информираше за дводневната новогодишна програма:

– Најголемиот туристички центар во државава ќе има дочек за Нова Година како што заслужува. Новогодишната програма започнува на 31 декември. На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ точно напладне ќе настапи хорот при КУД „Гердан од Бисери“ , а од 13 до 15 часот на истата сцена ќе се одржи новогодишната театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“.

— реклама —

Вечерта со почеток во 20:00 часот на плоштадот ќе настапат естрадните уметници Петар Нечески, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy. Со овие наши ѕвезди и живи легенди ќе ја дочекаме и ќе си посакаме среќна 2023 година

— реклама —

Новогодишната програма во Охрид продолжува на 1-ви јануари точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон“ на градскиот плоштад. Очекувам интерес да привлече проектот „И повторно Евергрин“ кој ќе го изведат Лидија Кочоска – Вокал, Влатко Груевски – Вокал и Андреа Наунов – Пијано и Вокал.

Очекуваме бројни туристи од земјава и странство и она што можам да ветам е весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот плоштад во Охрид. Ги поканувам сите сограѓани и добро намерници да бидат дел од оваа убава новогодишна забава во нашиот прекрасен град.

— реклама —

За Новогодишните празници од буџетот на општината се издвоени 2 милиони денари.

Општината исто така ќе се погрижи и за организација на забавниот дел за Богојавленските празници. Она што во моментов е потврдено е дека по чинот на осветувањето и фрлањето на светиот крст во езерските води на 19-ти јануари на плоштадот Св. Климент Охридски ќе настапи групата Чалгија SOUND SYSTEM. За останатите детали околу Богојавленските празнувања ќе бидете информирани дополнително по одржување на состанокот на Координативното тело кое се организира за оваа најмасовна црковно – културна манифестација во земјава.

И за овој зимски празник очекуваме бројни туристи од земјава и странство и упатуваме отворена покана до сите да бидат дел од овој прекрасен настан – рече Пецаков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Почина 57-годишен маж откако се превртело пловилото со кое управувал во Охридското Езеро

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarygpfh31afti265nPFb3R

„Охридски комуналец“ со апел до граѓаните: Не приближувајте се до ископот кај поранешните подземни контејнери

ОО | пред 2 седмици

media-librarye9d0qqtdkbk03Ee2GvW

Пецаков: Да го чуваме споменот на хероите кои се жртвуваа за слободна Македонија

ОО | пред 2 седмици

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Од понеделник „Безбеден град“ се активира и во Охрид

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања